ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2018 за доставување на барања за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020

(Oвој напис е објавен на: November 30, 2018)

Влада на Република Македонија
Агенција за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот
развој
Врз основа на член 9 став 1 точка б од Законот за ратификација на
Спогодбата меѓу Владата на Република Македонија и Комисијата на
Европските Заедници за правилата за соработка во однос на финансиската
помош од ЕК на Република Македонија и спроведување на помошта според
компонента V (ИПАРД) од инструментот за претпристапна помош
(“Службен весник на Република Македонија“ бр. 38/2016), врз основа на Дел
II мерка Инвестиции во материјални средства за преработка на земјоделски
и рибни производи точка 11 од Програмата за користење на средствата од
Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на Европската
Унија (ИПАРД) за период 2014-2020 (“Службен весник на Република
Македонија“ бр. 177/2016), и врз основа на член 6 од Уредбата за начинот и
постапката за користење на финансиска поддршка за мерките за рурален
развој финансирани од програмата ИПАРД 2014-2020 (“Службен весник на
Република Македонија “ бр. 64/2016)

Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и
руралниот развој

на 30 ноември 2018 година објавувa
ЈАВЕН ПОВИК бр.01/2018
за доставување на барања за користење на средства од
ИПАРД Програмата 2014-2020
ДЕЛ I
1. Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој
(во понатамошен текст: Агенцијата) како надлежна институција и договорен
орган за спроведување на Инструментот за претпристапна помош за
рурален развој на ЕУ (ИПАРД) ги повикува сите заинтересирани правни
лица од Република Македонија да достават барања за користење на
средства од ИПАРД Програмата 2014-2020 за следната мерка:
1. Инвестиции во материјални средства за преработка и маркетинг на
земјоделски и рибни производи
2. Финансиската поддршка за овој Јавен повик е составена од 75% средства
обезбедени од Инструментот за претпристапна помош за рурален развој на
Европската Унија (ИПАРД) согласно Финансиската Спогодба 2014-2020 и
25% средства обезбедени од Буџетот на Република Македонија.
3. Финансиски средства по поединечно барање се доделуваат како
неповратна финансиска поддршка (грант) во износ од:
3.1. 50% од вредноста на вкупно прифатливите трошоци на
инвестициите за мерка Инвестиции во материјални средства за
преработка и маркетинг на земјоделски и рибни производи.
4. Крајниот рок за поднесување на барањата е 14 Јануари 2019 година
5. Вкупната финансиска поддршка во рамките на овој јавен повик
изнесува 13.178.668,00 евра или 810.422.183,74 ден.
6. Подигнување на обрасци и упатства:
Потребните обрасци од „Барањето за користење на средства од ИПАРД
Програмата 2014-2020“ како и „Упатство за корисници на средства од
ИПАРД Програмата 2014-2020“ за секоја мерка одделно во кој се содржани
сите информации за критериумите, условите за прифатливост на проектите
и условите за финансирање и останати информации кои се неопходни за
изготвување на барање за користење на средства од ИПАРД Програмата
2014-2020, Упатство за изготвување на Деловен План, Упатства за издавање
на неопходната документација од надлежните институции и останати
корисни информации во електронска верзија може да се превземат на вебадресата
на Агенцијата: www.ipardpa.gov.mk.
7. Начин на поднесување на барањето:
Барателот треба да пополни и поднесе Барање за користење на средствата
од ИПАРД Програмата 2014-2020 за поединечна мерка, Деловен План
изработен согласно Упатството за изработка на Деловен План и придружна
документација како што е наведена во овој Јавен Повик.
Пополнетото барање за користење на средства од ИПАРД Програмата 2014-
2020 заедно со Деловниот план и целокупната потребна документација се
доставуваат во затворен плик со назнака на предната страна на пликот во
горниот лев агол “НЕ ОТВАРАЈ“ за Јавен повик ИПАРД број 01/2018 и
назначување на мерката за која се поднесува барањето. Барањето може да
се достави по пошта како препорачана пратка или лично во писарницата на
Агенцијата.
Напомена: Заради извршувањето на контролата на терен од страна на
Агенцијатa потребно е барателот да има кај себе копии од целокупната
документација доставена до Агенцијата.
Подетални информации на контакт тел. (02) 3097-460 или на контакт емаил
адреса: [email protected] и на веб-страната:
www.ipardpa.gov.mk.

ДЕЛ II

ИНВЕСТИЦИИ ВО МАТЕРИЈАЛНИ СРЕДСТВА ЗА ПРЕРАБОТКА И
МАРКЕТИНГ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ И РИБНИ ПРОИЗВОДИ

1. Прифатливи сектори
 Млеко и млечни производи;
 Месо и производи од месо ( вклучувајќи јајца и живина);
 Овошје и зеленчук (вклучувајќи ги компирите, печурките и
легуминозните култури);
 Житарици, мелнички продукти и скроб;
 Растителни производи и масла и маснотии од животни;
 Шира, вино и оцет;
 Производство на енергија преку погони за преработка и
производи од животни од примарната и секундарната
биомаса, со исклучок на биомаса од рибни производи.
2. Корисници
 Правни лица кои се регистрирани во Централниот регистар како
правни лица согласно Законот за трговските друштва, и кои
вработуваат помалку од 250 лица и кои имаат годишен обрт кој не
надминува 50 милиони евра, и / или годишен биланс на состојба кој
не надминува 43 милиони евра што одговара на сегашната
дефиниција за мали и средни претпријатија (МСП) која е содржана во
Препораката на Комисијата 2003/361/ЕЗ.
 Претпријатијата кои не се опфатени со дефиницијата за МСП, но кои
вработуваат помалку од 750 вработени и кои имаат годишен обрт кој
не надминува 200 милиони евра, исто така може да бидат
прифатливи, но во овој случај поддршката може да се додели за
инвестиции наменети да го направат целото претпријатие во
согласност со релевантните стандарди на ЕУ. Проценка на
големината на корисниците се врши од страна на Агенцијата.
 Задруги кои се регистрирани во Централниот регистар во согласност
со Законот за задруги и првенствено се занимаваат со земјоделска
дејност, преработка на земјоделски производи и/или услуги
директно поврзани со земјоделски активности.
 Правните лица рангирани како микро претпријатија не се
прифатливи за поддршка во рамките на оваа мерка.
 Новоформираните претпријатија ќе се оценуваат врз основа на
очекувана големина како што е наведено во деловниот план.
 Потребните податоци врз основа на кои може да се утврди
големината на правниот субјект се добиваат од документот
„ПРЕГЛЕД НА ПОДАТОЦИ ОД ГОДИШНАТА СМЕТКА ЗА
ПРЕТХОДНАТА ГОДИНА” издаден од Централен Регистар на
Република Македонија. Валиден документ преку кој може да се
утврди големината на правниот субјект за соодветниот повик е оној
кој се однесува на претходната календарска година и, доколку e
релевантно, вкупен број на акции () врз основа на потврда од
Депозитор за хартии од вредност.

3. Критериуми за прифатливост

 Барателот треба да достави „Барање за користење на средства од
ИПАРД II Програмата“ придружено со сите потребни документи
 Барателот треба да е регистриран во Централниот Регистар како
правно лице или земјоделска задруга
 Барателите земјоделски задруги треба да бидат регистрирани во
Регистарот на земјоделски задруги на Министерството за
земјоделство, шумарство и водостопанство
 Сите корисници треба да бидат регистрирани во Агенција за храна и
ветеринарство како оператори со храна или евидентирани заради
промените предизвикани од засегнатите инвестиции во согласност
со Законот за безбедност на храната на крајот на инвестицијата.
 Инвестициите треба да се реализираат на имот кој е во сопственост
на барателот. Во случај на инвестициски проекти кои се реализираат
на имот кој не е во сопственост на барателот, договор или друг
придружен документ мора да биде доставен за докажување на
правото на користење на имотот засегнат од инвестицијата за период
од најмалку 7 години од денот на поднесување на барањето за
поддршка.
 Барателот на финансиска поддршка треба да биде регистриран во
националниот систем за ДДВ согласно Законот за данок на додадена
вредност.
 Пред да се достави барањето за исплата, најмалку едно одговорно
лице на правниот субјект кој го претставува претпријатието треба да
е во редовен работен однос со правниот субјект или да е ангажирано
под договор со времетраење не покусо од времетраењето на
договорот за доделување финансиска поддршка во рамките на оваа
Програма.
 Корисникот е должен да ги исполни релевантните ЕУ стандарди
поврзани со реализација на инвестицијата пред поднесување на
барањето за исплата.
 Барателот кој предлага инвестиции во секторот вино, треба да е
регистриран во регистарот на производители на вино кој се води во
Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство пред
поднесување на барањето за исплата.
 Барателот кој предлага инвестиција во центар за откуп и
дистрибуција на зеленчук и овошје, житарици и млеко треба да е
регистриран во регистар за откупувачи кој се води во Министерство
за земјоделство, шумарство и водостопанство пред поднесување на
барањето за исплата.
 Помош може да биде доделена на корисниците чии инвестициски
проекти овозможуваат финансиска/економска одржливост.
Економската и финансиската одржливост ќе се оценува врз основа
на деловен план. Барателот треба да ја прикаже можноста за
континуитет на работењето во текот на најмалку пет години од
реализација на инвестицијата. Инвестицискиот проект ќе се оценува
врз основа на следните економски индикатори:
 Модификувана интерна стапка на рентабилност која треба да
биде поголема од 0,
 Нето сегашна вредност кое треба да биде поголемо од 0, и
 Период на враќање на инвестицијата кој треба да биде помал
од 10 години
4. Висина на финансирање
Вкупната финансиска поддршка (75% ЕУ фондови + 25%
националното ко-финансирање) нема да ја надминуваат горната
граница од 50% од вкупните прифатливи трошоци на
инвестициите.
Финансиската поддршка за мерка Инвестиции во материјални
средства за преработка и маркетинг на земјоделски и рибни
производи може да се зголеми за 10% за:
 Инвестиции во згради/опрема чија што намена е да се подобри
енергетската ефикасност (на пр. употреба на градежен материјал
кој ја намалува загубата на топлина);
 Инвестиции за згради/опрема за производство на био-енергија
во случај на преработка на производи (суровински материјал) кој
е опфатен во Анекс 1 од Договорот со ЕУ (преработка на
примарна и секундарна биомаса од животни и растенија);
 Инвестиции за згради/опрема за производство на енергија од
други обновливи извори на енергија за да се произведат
количини еднакви на сопствените потреби за електрична
енергија за преработувачките претпријатија;
 Инвестиции за згради/опрема за третман на вода/отпадна вода.
За да се добие поддршка во рамките на оваа мерка, вкупните
прифатливи трошоци за предложениот инвестициски проект треба
да изнесуваат најмалку 10.000 евра во денарска противредност.
Највисоката вредност на вкупните прифатливи трошоци по корисник
за целиот период на спроведувањето на оваа програма изнесува
4.500.000 евра во денарска противредност.

5. Листа на потребни документи

Долунаведените документи кои се доставуваат во прилог на
барањето за користење на средства од ИПАРД Програмата (2014-
2020) треба да се оригинал или копија заверена на нотар, доколку
не е поинаку определено покрај самиот документ. Доколку
документацијата е на друг јазик истата треба да биде придружена
со превод на македонски јазик заверен од овластен преведувач.
Документите кои што се издаваат врз основа на јавните книги
или востановен систем на евиденција не треба да бидат постари
од три месеци сметано од денот на објавување на јавниот повик,
со исклучок на документите кои го потврдуваат исполнувањето
на обврските за платени даноци и придонеси кој не треба да биде
постар од еден месец сметано од денот на објавување на јавниот
повик.
1. БАРАЊЕ ЗА МЕРКА ИНВЕСТИЦИИ ВО ОСНОВНИ СРЕДСТВА ЗА
ПРЕРАБОТКА И МАРКЕТИНГ НА ЗЕМЈОДЕЛСКИ И РИБНИ
ПРОИЗВОДИ
2. ДОКАЗ ДЕКА БАРАТЕЛОТ Е РЕГИСТРИРАН ВО СИСТЕМОТ ЗА
ДДВ
3. УВЕРЕНИЕ ЗА ПЛАТЕНИ ДАНОЦИ И ПРИДОНЕСИ
4. КОПИЈА ОД ЛИЧНА КАРТА ИЛИ ПАСОШ
5. ДОКАЗ ДЕКА БАРАТЕЛОТ НЕ Е ВО ПОСТАПКА НА СТЕЧАЈ
6. ДОКАЗ ДЕКА БАРАТЕЛОТ НЕ Е ВО ПОСТАПКА НА
ЛИКВИДАЦИЈА
7. ДОКАЗ ДЕКА НЕ Е ИЗРЕЧЕНА ПРЕКРШОЧНА САНКЦИЈА
ЗАБРАНА НА ВРШЕЊЕ ПРОФЕСИЈА, ДЕЈНОСТ ИЛИ ДОЛЖНОСТ
И ПРИВРЕМЕНА ЗАБРАНА ЗА ВРШЕЊЕ ОДДЕЛНА ДЕЈНОСТ
8. ДОКУМЕНТИ ЗА СОПСТВЕНОСТ И/ИЛИ ПРАВО НА КОРИСТЕЊЕ
НА ЗЕМЈИШТЕ/ОБЈЕКТ КОИ СЕ ПРЕДМЕТ НА ИНВЕСТИЦИЈАТА
1. ИМОТЕН ЛИСТ ЗА ОБЈЕКТ, И/ИЛИ ЗА ЗЕМЈИШТЕ
2. ДОГОВОР ЗА ЗАКУП ЗА ОБЈЕКТ И/ИЛИ ЗЕМЈИШТЕ
3. ДОГОВОР ЗА КОНЦЕСИЈА НА ЗЕМЈИШТЕ
Договорот е со важност од најмалку 7 години сметано од денот на
поднесување на барањето за финансиска поддршка во случај на
набавка на механизација/опрема;
9. ДОКАЗ ЗА РЕДОВНО ПОДМИРЕНИ ОБВРСКИ ПО ОСНОВ НА
ДОГОВОР ЗА КРЕДИТ (Документот се доставува само во случај
кога Банката има воспоставено залог на имотот кој што е предмет
на инвестиција).
10. ОДОБРЕНИЕ ЗА ГРАДБА ИЛИ ИЗЈАВА ОД БАРАТЕЛОТ ДЕКА
РЕЛЕВАНТНОТО ОДОБРЕНИЕ ЌЕ СЕ ДОСТАВИ ДО СКЛУЧУВАЊЕ
НА ДОГОВОР (Изјавата се доставува во случај кога барателот не е во
можност да го добие одобрението заклучно со денот на поднесување
на барањето за користење на средства).
ИЛИ ИЗЈАВА ОД НАДЛЕЖНАТА ИНСТИТУЦИЈА ДЕКА ЗА
ПРЕДЛОЖЕНАТА ИНВЕСТИЦИЈА НЕ Е ПОТРЕБНО ОДОБРЕНИЕ.
11. КОПИИ ОД ОСНОВНИТЕ ТЕХНИЧКИ ЦРТЕЖИ И РЕВИДИРАНА
ПРЕДМЕР – ПРЕСМЕТКА ОД ТЕХНИЧКАТА ДОКУМЕНТАЦИЈА
(ИЛИ ЕЛЕКТРОНСКА ФОРМА – ЦД) (Проектната документација
која се доставува до Агенцијата за финансиска поддршка во
земјоделството и руралниот развој мора во целост да соодветствува
со проектната документација (техничкиот број) која се доставува/ќе
се достави до надлежниот орган како дел од поднесенето барање за
добивање на одобрение за градба).
(Документот треба да биде заверен од страна на овлатени лица за
изготвување на техничка документација и ревиденти)
12. ВРЕМЕНА СИТУАЦИЈА/СОСТОЈБА ЗА СИТЕ ЗАВРШЕНИ
ГРАДЕЖНИ РАБОТИ (Времена ситуација/состојба се доставува во
случај кога барателот има изградено одреден дел од објектот кој што
е предмет на инвестиција, односно изведените градежни работи
потребно е да се во согласност со последната одобрена техни
20. РЕШЕНИЕ ЗА ОДОБРЕН ЕЛАБОРАТ ЗА ЗАШТИТА НА
ЖИВОТНАТА СРЕДИНА, ИЛИ РЕШЕНИЕ ЗА ОДОБРЕН
ЕЛАБОРАТ ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА СО
ОДОБРЕН АКЦИСКИ ПЛАН, ИЛИ А ИЛИ Б ИНТЕГРИРАНА
ЕКОЛОШКА ДОЗВОЛА, ИЛИ ОДОБРЕНО БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ
НА А ИЛИ Б ИНТЕГРИРАНА ЕКОЛОШКА ДОЗВОЛА, ИЛИ
БАРАЊЕ ЗА ИЗДАВАЊЕ НА РЕШЕНИЕ ЗА ОДОБРЕН ЕЛАБОРАТ
ЗА ЗАШТИТА НА ЖИВОТНАТА СРЕДИНА

Агенцијата го задржува правото да побара дополнителна
документација со цел докажување на исполнување на критериумите
од ИПАРД Програмата за користење на финансиска поддршка.

ДЕЛ III
ПОСТАПКА ПРЕД АГЕНЦИЈАТА
Постапката на Агенција од прием на Барањата до склучување на Договор за
користење на средства се состои од :
1. Проверка на комплетноста на приложените документи согласно
бараните документи по мерки и типови на инвестиции и тоа:
 Дали документите се издадени од соодветни институции;
 Дали документите ги поседуваат сите елементи со кои докажуваат
дека се веродостојни (печат, потпис на одговорно лице, датум, итн.)
 Дали документите се со рок на важност кој е наведен во Листата на
документи;
Барателот треба да изврши дополнување на некомплетните барања за
користење на средства врз основа на добиено писмено известување од
страна на Агенцијата. Рокот за дополнување на некомплетните барања е 8
дена од денот на приемот на известувањето.
2. Проверка на соодветноста на барање за користење на средства се
прави со цел да се утврди:
 Дали доставените документи докажуваат исполнување на
критериумите и условите за прифатливост на предложените
инвестициони активности;
 Дали предложената инвестиција е економски и финансиски
остварлива и одржлива, што се проверува преку анализа на
параметрите содржани во приложениот деловен план
 Дали предложената инвестиција за која се бара финансиска
подршка не е финансирана од други јавни извори на средства
(Буџет на Република Македонија и меѓународни донатори);
 Дали цените на предложените инвестициски активности се во
рамки на пазарните цени преку анализа на референтните цени
за соодветните активности.
Помош може да биде доделена на корисниците чии инвестициски проекти
овозможуваат финансиска/економска одржливост. Економската и
финансиската одржливост ќе се оценува врз основа на деловен план.
Барателот со деловниот план треба да ја прикаже можноста за континуитет
на работењето во текот на најмалку пет години од реализација на
инвестицијата. Инвестицискиот проект ќе се оценува врз основа на
следните економски индикатори:
 Модификувана интерна стапка на рентабилност која треба да
биде поголема од 0,
 Нето сегашна вредност кое треба да биде поголемо од 0, и
 Период на враќање на инвестицијата кој треба да биде помал од
10 години
Со цел да се утврди автентичноста на техничките параметри, економските и
финансиските податоци, Агенцијата има право да бара дополнителни
документи и информации како основ за донесување на одлука.
Верификација на веродостојноста на податоците содржани во Барање за
користење на средства вршат овластени лица на Агенцијата со контрола на
лице место.
Рангирањето се врши на сите комплетни и соодветни барањa за користење
на средства согласно приложените табели за рангирање по пооделни мерки.
Финансиската поддршка ќе се одобри за сите комплетни и соодветни
барања за користење на средства во рамките на расположливите средства
врз основа на извршена административна и контрола на лице место.
Некомплетните, несоодветни како и барања за користење на средства кои
имаат помал број на поени во однос на расположливите средства по мерка,
ќе бидат одбиени со Решение.
Со барателот чие барање за користење на средства е одобрено се потпишува
Договор во рок од 30 дена од денот на добивањето на Решение за
одобрување на средства од ИПАРД Програмата 2014-2020.
Барателите не смеат да започнат со реализација на инвестицијата пред
потпишување на Договор за користење на средства со Агенцијата, со
исклучок на активностите поврзани со општите трошоци (изработка на
деловен план, технички предлог проект, физибилити студија, архитекти,
проектна документација итн).
По завршување на инвестицијата, барателот е должен да достави до
Агенцијата барање за исплата во рок утврден во Договорот за користење на
средства.
Барателот кој ќе потпише договор со Агенцијата е должен инвестицијата
која што е предмет на договорот да не ја отуѓува, дава под закуп или заем,
не ја смени намената и локацијата на истата за цело времетраење на
договорот односно 5 години од последната исплатата на финансиските
средства.
Контрола на лице место и спроведувањето на надзор врз договорот вршат
овластени лица од релевантните институции од Република Македонија и
Европската Унија.


 

ипард.па.гов.мк

Share Button