вести

Климатските промени го намалија земјоделскoто производство

klima

Климатските промени удрија врз земјоделство. Во источна Македонија годинава поради сушата се преполовија површините под ориз, а најавено е во текот на летото да има и рестиркции на водата за наводнување на посевите во кочанскиот виничкиот, штипскиот и овчеполскиот регион. Земјоделскиот експерт Васко Златковски забележува дека сме сведоци на непредвидливоста на времето , кое е резултат на промените во атмосферата поради загадувањето.

Поради климатските промени лоши ќе бидат и приносите во полјоделството, што според Златковски време е да се прават нови стратегии за надминување на штетите кои ги носи променливото време. Но,  со вклучување на научната фела која преку истражувања ќе даде конкретни заклучоци и решенија како во земјава да се заштити земјоделство и водните ресурси.

Министерството за земјоделство мора да вложи и пари во заштита на земјоделските  култури, бидејќи научните институции немаат големи средства за создавање на нови сорти на семиња , кои ќе бидат поимуни на климатските промени.


 

телма.мк

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close