fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

ИМАМЕ УСЛОВИ, А НЕ ГО ОДГЛЕДУВАМЕ: Зошто аспарагусот го снема во Повардарието?

До 2006 година во Повардарието имаше поголеми површини засадени со аспарагус, култура која денес скоро и да ја нема.

Луѓето кои се занимавале со одгледување на аспарагус, велат дека ова е здрав продукт, но кај нас нема кому да го продадат, затоа што народот нема навика да користи аспарагус. Додаваат дека  во земјава има услови за одгледување на аспарагус, но проблем е пласманот.

„Аспарагусот бара мека почва, и многу вода за да успее. Тоа е нежно растение, си бара работна рака, и заштита од плевели, но кај нас народот нема навика да го употребува. Најмногу се користи во Германија, Холандија и Данска. Ние порано преку проект, работевме површина од 36 хектари, но тоа прекина по некое време“, раскажува Ангел Каракаваков од селото Стојаково.

Денес оваа култура се среќава кај земјоделци кои ја засадиле лично за свои потреби.

Роберт Иванџиков, претседател на месната заедница во Стојаково вели дека ако пред повеќе години имало аспарагус на површини од повеќе хектари, денес го нема и повеќето мештани се откажале од производство. Целиот текст може да се прочита ТУКА.

Извор: Фактор

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close