ЈАВЕН ПОВИК За користење на техничка поддршка за организирање и спроведување на локални манифестации во Република Македонија

(Oвој напис е објавен на: February 12, 2019)

Јавен повик за користење на техничка поддршка за организирање и спроведување на  локални манифестации  во Република Македонија.

I. Предмет на јавниот повик          

Доставување на предлог за користење на техничка поддршка за организирање и спроведување на локални манифестации  во Република Македонија од областа на земјоделството, руралниот развој, шумарството и водостопанството

II. Право на учество во постапката

Право на учество на јавниот повик имаат единиците на локалната самоуправа, здруженија од областа на земјоделството, руралниот развој, шумарството и водостопанството регистрирани согласно Законот за здруженија и фондации, стопански комори основани согласно закон, задруги регистрирани согласно Закон за задруги или Законот за земјоделски задруги за вршење на земјоделска дејност и/или за трговија со земјоделски производи и/или јавни претпријатија регистрирани и за вршење на дејност организирање на саеми и саемски манифестации.


Предлогот се доставува во еден оригинален примерок потпишан од овластено лице на предложувачот. Еден предложувач може да учествува во постапката за користење на техничка поддршка за организирање и спроведување на  локални манифестации во Република Македонија  од областа на земјоделството, руралниот развој, шумарството и водостопанството само со еден предлог за користење.

Предлозите може да се поднесуваат од денот на објавувањето на јавниот повик на веб страната на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство и во дневниот печат до (30.04.2019 година).

Предлозите се доставуваат до Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, ул. „Аминта III“ број 2, 1000 Скопје, Сектор за рурален развој.

Повеќе информации на следниот линк.

Share Button