вестиМакедонијаМеханизацијаТоп вести

John Deerе сериозен играч на македонскиот пазар со земјоделски трактори

Интервју со Максим Зајцев, од тимот на John Deere International,одговорен за продажба на брендот John Deere во Македонија

 

John Deerе сериозен играч на македонскиот пазар со земјоделски трактори

 

John Deere е активен и сериозен играч на македонскиот пазар со земјоделски трактори. Тракторот од серијата 5D е најдобро прифатениот трактор кај македонските земјоделци, а минатата година беше и најпродаван мал трактор во земјава. Сметам дека новиот 3B трактор ќе ја продолжи оваа традиција и ќе ни отвори нови можности кај корисниците кои понекогаш бараат полесен, покомпактен трактор со доволна моќ за работа со разни приклучни машини.Наша јасна цел и стратегија е, да го поддржиме „Синпекс“ ДОО Битола – овдешниот дилер и на секој можен начин да ја зајакнеме неговата позиција, со тоа што ќе овозможиме одлично портфолио на машини, одлични алатки за продажба и многу обуки за продажно -сервисниот персонал, вели Максим Зајцев од тимот на John Deere International во разговор за „Зелена берза“.

 

З.Б -Господине Зајцев, вие сте дел од  тимот на JohnDeereInternational, одговорен за продажба на брендот JohnDeere во многу земји во светот. Ви  посакуваме топло добредојде и воедно ја користиме приликата при вашата посета на компанијата „Синпекс“ ДОО Битола, да поразговараме и да им дадеме една сеопфатна слика на нашите читатели за вашата работа и за светски познатиот бренд на земјоделска механизација John Deere, за кој „Синпекс“ ДОО Битола е генерален застапник за Република Македонија.

Зајцев-Поздрав до читателите на „Зелена берза“,задоволство ми е што сум во компанијата „Синпекс“ ДОО Битола. Јас веќе две години работам во тимот на John Deere International, одговорен за продажба на брендот John Deere во многу централно-европски земји, Средниот Исток и неколку африкански земји. Мојата позиција во тој тим ја нарекуваме „територијален менаџер“ и сум одговорен за пазарите во десетина држави меѓу кои Македонија, Албанија, Грција, Кипар, но и Израел, Либан, Јордан, Обединетите Арапски Емирати, Судан, па дури и Ирак.

З.Б-Веќе една година сте одговорен за македонскиот пазар кој има свои барања и специфики. Како Вие, како одговорен за Македонија го гледате John Deere на нашиот пазар?

Зајцев- John Deere долго време е присутен во Македонија и низ годините бележел и растежи и падови поради разни фактори. Од кога сум јас одговорен, условно кажано во последните години, слободно можам да кажам дека John Deere е активен и сериозен играч на пазарот со земјоделски трактори. Кога зборуваме за барањата на пазарот, тука во Македонија се најпопуларни тракторите од малиот сегмент што пак го прави сличен со многу други пазари од Јужна Европа, но и со пазарите во Јордан и Либан. Од минатата година, на секои шест месеци, претставуваме по еден нов производ. Започнавме со 5D серијата, па подоцна надградената 5Е серија, а сега ги очекуваме машините од 3B серијата со што целосно ќе го покриеме делот на трактори од 40 до 75 коњски сили. Покрај нив го имаме и сегментот на поголеми трактори од нашите фабрики во Манхајм и Ватерлу со кои го комплетираме нашето портфолио и целосно ги задоволуваме барањата на секој купувач без разлика дали се работи за специјален, полјоделски, лозаро-овоштарски или сточарски трактор.

 

З.Б-Според вашето досегашно искуство, што најмногу му одговара на македонскиот земјоделец?

Зајцев-Денеска, врз основа на досегашната продажба, со сигурност ќе кажам дека тракторот од серијата 5D е најдобро прифатениот трактор кај македонските земјоделци,а минатата година беше и најпродаван мал трактор во земјава. Но, не само тука, овој трактор побуди огромен интерес и на соседните пазари пред се поради тоа што се работи за универзална машина која може да најде примена насекаде, максимално достапна во поглед на цена, но и со можност да се одбере варијанта со погон на две или сите тркала. Сепак, сметам дека новиот 3B трактор ќе ја продолжи оваа традиција и ќе ни отвори нови можности кај корисниците кои понекогаш бараат полесен, покомпактен трактор со доволна моќ за работа со разни приклучни машини.

З.Б-Пред претставувањето на 5D серијата, 5Е серијата трактори, со години беа најпопуларните John Deere трактори во Македонија. Во текот на целото ова време бевме сведоци на нивно постојано подобрување. Каде е денеска 5Е серијата и какво значење има за John Deere?

Зајцев-Тракторот од 5Е серијата е најпродаваниот трактор на John Deere во светски рамки. Од нашата фабрика во Индија годишно излегуваат над 65.000 единици кои пред се се наменети за пазарите во Соединетите Американски Држави и Европа. Се работи за трактор со одлична репутација насекаде, кој со најновите измени  и подобрувања уште повеќе се вклопува со барањата на средно големите клиенти  на македонскиот пазар, кои сакаат квалитет, комфор и најнова технологија во нивниот трактор. 5Е серијата е докажан на терен, но воедно е статистички и најсигурниот John Deere трактор, односно трактор со најмалку покажани дефекти според податоците и искуствата кои ги собираме насекаде низ светот. Затоа како производител, вложуваме многу во неговиот развој и се трудиме што повеќе да го пробиеме на секој пазар.

 

З.Б-Неколку пати низ разговорот го споменавме тракторот 3B, кој се очекува да биде идниот бестселер на нашиот пазар. Кои се неговите перформанси?

Зајцев-Тракторите од серијата 3B се релативно нови на европскиот пазар, но надвор од него тие се продаваат скоро десет години. Овој трактор има поминато низа тестови и е одлично докажан на пазарите во Азија каде  John Deere има собрано доста позитивни искуства од теренот. Според конфигурацијата, одлично се совпаѓа со барањата на купувачите во Централна Европа каде увидовме можност да го пласираме. Овој трактор излегува од нашата сопствена John Deere фабрика во Кина, која и како другите наши фабрики во светот, ги има истите високи и строги стандарди за квалитет кои меѓу другото налагаат и детални проверки на секој продукт кој ја напушта производната лента. Ова значи дека се работи за исклучително добар трактор кој ќе има одличен фидбек низ цела Европа, вклучително и во Македонија.

З.Б-Што велат бројките за продажбата на John Deere трактори во нашава земја и кои се Вашите идни планови?

Зајцев-Токму денеска ги разгледувавме статистиките кои покажуваат дека во последните дванаесет месеци во Македонија се продале седумдесет и пет наши трактори, што ќе речам дека е добра бројка како основа за нашите идни планови кои предвидуваат нејзино удвојување годинава и нејзино утројување во 2021. Наша јасна цел и наша стратегија е да го поддржиме „Синпекс“ ДОО Битола -овдешниот дилер и на секој можен начин да ја зајакнеме неговата позиција, со тоа што ќе овозможиме одлично портфолио на машини, одлични алатки за продажба и многу обуки за продажно -сервисниот персонал. Од друга страна, со цел да ги надминеме економските предизвици, заедно со „Синпекс“ Битола и нашите партнери, ProCredit и NLBбанка, работевме и најдовме достапна алатказа купување на нов трактор, која секако беше дел од нашата стратегија. Таа алатка ги комбинира добриот производ на John Deere, добрата услуга на „Синпекс“ и добрата кредитна линија за финансирање на банките, и овозможува лесно  и пред се поволно купување на трактор на одложено плаќање. И годинава продолжуваме со пласирање на истата, но и со нејзина постојана поддршка со различни рекламни кампањи, каравани и слично.

Иванчо Стаматовски

Слични написи

Back to top button
Close