Јосифовски-Или неносење на тутунот или двојно повисоки цени
Во ситуација кога имаме вртоглава инфлација , кога народот се соочува со се' пожестока немаштија ,со цени на тутун кои и лани беа прениски, откупувачите одолговлекуваат со старт на откупот без да излезат со анекси на договорите, Министерството за земјоделие како да не е на земјата, а овластениот застапник како да е принудно исклучен од програмата.
Тутунопроизводителот Васко Јосифовски од здружението „Тутунска надеж“ со став за престојниот откуп на тутунот .
Горе – чеканот , долу – наковалната , во средина – тутунарите.. Ова е моменталната состојба на теренот наречен тутунопроизводство. Во ситуација кога имаме вртоглава инфлација , кога народот се соочува со се’ пожестока немаштија ,со цени на тутун кои и лани беа прениски, откупувачите одолговлекуваат со старт на откупот без да излезат со анекси на договорите, Министерството за земјоделие како да не е на земјата, а овластениот застапник како да е принудно исклучен од програмата.
Излезот не е во НЕНОСЕЊЕ ТУТУН … ИЗЛЕЗОТ Е ВО БРЗО ОТПОЧНУВАЊЕ НА ОТКУПОТ СО ДВОЈНО ПОВИСОКИ ЦЕНИ ОД ДОГОВОРЕНИТЕ.. ИМА УСЛОВИ ,ПРОСТОР И АРГУМЕНТИ ЗА ПОВИСОКИ ЦЕНИ А ЗА ПОЧЕТОК НА ОТКУПОТ И ДА НЕ ЗБОРУВАМЕ.. ИМА НЕДОСТАТОК НА ТУТУН НА ПАЗАРОТ А СИТЕ САКААТ ДА ОТКУПАТ ШТО ПОВЕЌЕ.. ЗНАЧИ , СИТЕ УСЛОВИ ЗА ЕФЕКТЕН И БРЗ ОТКУП СЕ ТУКА. ВРЕМЕ И МЕСТО ЗА МАНИПУЛАЦИИ НЕМА.