Соопштение од Агенција за храна и ветеринарство

(Oвој напис е објавен на: August 15, 2019)

 

РЕАКЦИЈА

 

Не постои законски дефиниран рок во рамки на една календарска година за спроведување на вакцинацијата против болеста антракс од страна на ветеринарните друштва со кои Агенцијата за храна и ветеринарство има склучено договори за спроведување на Годишната наредба за здравствена заштита на животните. Тоа е работа на договор меѓу нив и сточарите, а ова треба да го знае ВМРО ДПМНЕ која со Агенцијата за храна и ветеринарство раководеше цели 11 години, а која со денови, во стилот на шпанска серија без крај, ја дезинформира јавноста и пласира невистини во однос на болеста антракс.

Вакцинацијата против оваа болест која се спроведува секоја година е веќе реализирана од страна на некои ветеринарни друштва, а добитокот во 22 дистрикта, како што неосновано обвинува членот на Извршниот комитет на оваа партија, Цветан Трипуновски, не е оставен невакциниран од антракс бидејќи Трипуновски, или неговиот брифер, во изминативе 11 години требаше да научат дека зависно од производителот, имунитетот на вакцината е најмалку една година и повеќе.

За жал, не научиле ниту дека Агенцијата за храна и ветеринарство согласно законите нема обврска да ја известува јавноста за појавата на болеста, туку веднаш, навремено да ги преземе сите мерки за заштита на добитокот и на населението. А тоа е сторено.

 

 

Со почит,

Агенција за храна и ветеринарство

 

Share Button