вестиДвор и градинаСоветиТоп вести

Како да се направи мини- градина во стакло

Честопати се прашуваме дали има растенија за кои не е потребна грижа, нега и многу простор. Растенијата се живи и секако им треба внимание, но постои начин на одгледување каде растенијата растат и напредуваат без премногу грижа. Самите билки си  создаваат средина за живеење во таканаречени терариуми. Станува збор за  стаклен сад, затворен или отворен  во кој растенијата непречено растат.

Потекло

Начинот  на одгледување растенија во херметички затворен простор, го открил британскиот лекар Натаниел Ворд кога во сад ставил малку земја и пеперутки, што било дел од неговиот експеримент. После одреден временски период, од таа земја никнале повеќе растенија.

Начин на функционирање

Во затворен простор, самите растенија создаваат соодветен екосистем. Во текот на денот произведуваат кислород и вдишуваат јаглерод диоксид, а преку ноќ е обратно. Го трошат  кислородот  што го создаваат во текот на денот, а ослободуваат јаглерод диоксид. Фотосинтезата е можна со присуство на вода што растенијата ја добиле за време на садењето. Водата ја земаат од земја, а ја исфрлаат над лисјата во форма на водена пареа, која паѓа во форма на капки на стаклото и паѓа назад во земјата.

Избор на садови и залевање

Садовите во кои се засадени растенијата треба да бидат стаклени и провидни. Откако еднаш  ќе се затвори садот, не треба да се отвора, да се додаде на земја или да се налева, бидејќи самото растение создава услови за живеење околу два месеца. Растенијата што растат во  отворени  стаклени садови се однесуваат како и останатите собни растенија, така што им е потребно редовно наводнување.

На дното на садот се поставува  дренажен слој, односно скршена керамика, камења или друг дренажен материјал. Потоа се става подлогата. Најдобро е да се користи купена подлога бидејќи е стерилизирана и нема ризик од развој на некои штетни заболувања. За оние со повеќе фантазија   и кои сакаат нивниот терариум да изгледа поубав, тие можат да користат други видови почва помеѓу дренажа и подлогата.

Избор на растенија

Растенијата што треба да бидат засадени мора да бидат здрави  да не се заразени бидејќи болеста потоа може да се рашири во други растенија на терариумот или уште полошо во другите собни растенија. Нема строги правила за избор на растенија за терариум. Важно е,  да се растенија кои сакаат висок процент на влажност и топлина, кои растат бавно, нивниот коренски систем  да зафаќа мала површина и да имаат мали лисја.

Најчесто се користат разни видови папрати, кактуси, мов, сукуленти … Аранжманот на растенија е таков што во централниот дел се ставаат поголеми, а од околу  помалите растенија Исто така, растенијата може да се распоредат,по правило, од највисоко до најниско, односно, скалесто садење. По садењето, терариумот треба да се налее и затвори ако се работи за затворен тип.

Каде да се постави  терариумот

За да се создадат соодветни услови за растенија во терариумот, садот треба да се стави на сончево и топло место. Мора да се внимава да не се прегрее садот, што може да се случи ако  терариумот има  директна сончева светлина. Затворениот терариум треба да се налее кога почвата е целосно сува и на стаклените sидови не се појавуваат повеќе капки пареа.

Не е потребно многу време или пари да се создаде градина во стакло. За кратко време, може да се добие  вистинска мала оаза која не  бара скоро никаква грижа. Кој сака да експериментира, терариумот е вистинскиот начин да се направи просторот за живеење поубав и поинтересен.

Извор :Агромедиа

Слични написи

Back to top button
Close