fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Какви даноци ќе плаќаме – се вжештува дебатата за даночните измени

Од бизнис-секторот сметаат дека во време на енергетска и економска криза не е вистинскиот момент за вакви реформи. Од Министерството за финансии велат дека станува збор за нацрт и дека дебатата е отворена

Министерството за финасии подготви предлог-концепт за даночната реформа којашто се планира да почне од следната година. Во тек е дебатата со сите засегнати страни, но веќе има реакции од бизнис-секторот, кој смета дека во време на енергетска и економска криза не е вистинскиот момент за вакви реформи.

Министерот за финансии Фатмир Бесими уверува дека даночната реформа се прави за да се создаде оптимален даночен систем и да има правично оданочување кое ќе го поддржи економскиот раст, а со тоа и животниот стандард на граѓаните. На реформата, како што вели, е работено долго време и направени се длабински анализи. Даночната реформа ќе се спроведува етапно и на почетокот е планирано да се реализира во делот на данокот на добивка, данокот на личен доход и данокот на додадена вредност. Од данокот на добивка и на личен доход се очекува во буџетот годишно да се слеат 54 милиони евра.

Она што како предлог-решение стои во даночната реформа е да се оданочуваат каматите на депозитите за 10 проценти, да се укине даночното ослободување по основ на реинвестирана добивка и да се плаќа здравствено и пензиско осигурување за хонорарците. Останува отворено прашањето за прогресивното оданочување, за кое ќе се дебатира во следниот период. Во нацрт-даночната реформа нема конкретен предлог за ова прашање со цел да се остави простор за дебата и да се види кое решение би било најсоодветно.

Од бизнис-секторот сметаат дека ваквите реформи во време на глобална криза ќе ги оптоварат фирмите кои сè уште не се опоравени од економските последици од ковид-кризата. Бараат борба против сивата економија, наместо даночни реформи.https://nezavisen.mk/kakvi-danoci-kje-plakjame-se-vzheshtuva-debatata-za-danochnite-izmeni/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close