fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиСовети

Календар на сточарите за месец ноември

Во месец ноември преминуваат кон услови на зимско одгледување.

Сточарство Говедарство

Во месец ноември преминуваат кон услови на зимско одгледување. Хигиената во
шталата треба да биде на високо ниво, боксот и постелките треба да се суви и чисти,
воздухот исто така сув и чист, без ладни струи. Потребно е исхраната да биде во
согласност со сотојбата на животните –бременост, лактација, сувостоен период. Храната
треба да биде правилно избалансирана.Сувата храна да биде заштитена од влага, а
силажата и другата ферментирана храна да се чуваат на начин кој што нема да дозволи
појава на гнилежни процеси.


Овчарство

Во вториот период од бременоста, поради зголемените потреби од енергија и
протеини, овците мајки треба да се хранат само со висококвалитетна храна. Незаменлива
храна се квалитетното ливадско сено или луцерката, на кои треба да им се додаде
концентрирана сточна храна, а може и пченкина силажа. На овците мајки треба да им се
обезбеди пристап до сол и минерални мешавини во форма на блокови.

Козарство

Козите потешко се прилагодуваат на преминот од пасишта кон шталски начин на
одгледување. Тие го губат апетитот, земаат недоволно храна и ослабуваат. Заради тоа
преминот кон шталски начин на исхрана треба да се одвива постепено во текот на 10 – 15
дена, при што секојдневно постепено се намалува пашата.


Пчеларство

Поволните топли денови во ноември овозможуваат пчеларот да се погрижи за пчелните
семејства пред настапување на зимата. Се прегледуваат капаците на кошниците дали се
добро затворени, а доколку не се треба тоа да се направи. На пчелните семејства треба
да им се обезбеди смиреност, и до кошниците не треба да имаат пристап домашните и
шумските животни.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close