fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Каракашев-Подмитувањето на тутунарите со неколку денари на рака е срамно и бедно

Откупувачите можат да ги подигнат цените на тутунот но со анекс на договори

Почитувани тутунороизводители!!

Како Национална земјоделска мрежа во ова прилика упатуваме згрозеност поради мизерните дворските игри од страна на откупните фирми и ресорното министерство за земјоделие, а на лична штета на нас како тутунопроизводители.

Овие денови сме сведоци на ривалства и подметнување од страна на откупните фирми а на директна штета на нас тутунарите како нивни кооперанти. Законот за тутун е јасен и дециден Според Член 18 секоја фирма без ограничување и по своја одлука може да ги подигне цените спрема своите кооперанти во износ на реални одржливи цени, а не вака со мизерно и понижувачко подмитување со неколку денари на рака срамно и бедно од ваша страна.

Почитувани за жал во целост се потврдија нашите сомнежи и укажувања дека ова година и покрај драстично намаленото производство и екстремно добриот квалитет откупните фирми преку еден крајно манипулативен однос поткрепени со законските измени кои им дадоа апсолутни права на наша штета. Во прилог на ова ќе ја додадеме и тенденциозната и нереална пресметка на производната цена на тутун изготвена од институтот за тутун како и игноранскиот однос од страна на ресорното министерство. Во ова прилика напоменуваме откупите фирми веднаш и безусловно да престнат со манипулциите и веднаш и неодложно да изготват анекс на договорите со реални зголемувања на цените,  час побргу да престанат да си поигруват со трпението и достоинството на нас како тутунопроизводители.  Тутунот може и мора да се плати.

Ѓорги Каракашев Национална земјоделска мрежа

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close