вестиТоп вести

Горат стрништата во Овчеполскиот и источниот регион

(Oвој напис е објавен на: февруари 21, 2019)

Земјоделците од Овчеполскиот, но и од целиот источен регион интензивно ги платат стрништата, со што се подготвуваат за претстојната пролетна сеидба на нивите. Но, запалените стрништа деновиве направија и големи штети на останатите земјоделци. Билтенот на СВР-Штип денеска нотира неколку пожари, во кои има големи материјални штети од запалените стрништа.

Портпаролот на СВР-Штип, Гордана Панјотова информира дека вчера околу 12.00 часот на место викано Кривчева река, атар на Свети Николе настанал пожар со кој била зафатена површина од околу еден хектар лозје и стрниште. Пожарот е локализиран од страна на ТППЕ – Свети Николе.

-Вчера во периодот од 13.00-14.30 часот на место викано Суви Дум, атар на село Горобинци, Свети Николе настанале три пожари, со кои биле зафатени пет декари лозови насади и околу четири декари стрниште. Пожарот е локализиран од страна на пожарникарите од Свети Николе, вели Панајотова.

Голем пожар од вчера има на место викано Џуанец, во атарот на беровското село Двориште, со кој била зафатена поголема површина сува трева, ситен шумски отпад и грмушки, јасика и бор, опожарени биле и објекти сопственост на В.К. од село Двориште. Пожарот околу 20.30 часот се проширил и го зафатил место викано Дополовски колиби, кое е во близина на границата со Република Бугарија.

Панајотова вели дека во тек е гаснењето на овој пожар. Пожарникарите од источниот регион неколку пати алармираат дека штетите се големи, што се прават со палење на стрништата, а тие интервенциите мора да ги прават со застарените возила и опрема. Бараат на терен да излезат државните инспектори, коишто имаат ингеренции да ги казнуваат несовесните земјоделци, што ги палат нивите пред претстојната сеидба.


 

a1on

Тагови

Валентина Соколовска

Зелена берза – Гласот на земјоделецот Заедно со Вас, драги земјоделци, ја создадовме „Зелена берза“, како Здружение на земјоделци, како начин на заедничка работа преку кој ќе стигнеме до нашите јасни заеднички цели: да се слушне гласот на секој земјоделец, да размениме искуства, да создадеме услови во кои ќе можеме успешно да работиме, а земјоделскиот труд да добие соодветен приход. „Зелена берза“, постои за Вас, да ве поттикне, да ве информира, но и заеднички со Вас да се избори за квалитетно и исплатливо производство, за производи кои гарантирајќи квалитет ќе обезбедат сигурност, стабилност и добар профит. Визијата на најголемото, невладино и непрофитно, земјоделско здружение во Р. Македонија – „Зелена Берза“ е да прераснеме во здружение со илјадници членови, здружение со големо влијание врз законските норми кои го регулираат земјоделието и здружение кое ќе му даде глас на секој индивидуален земјоделец. Грб во тешките времиња и земјоделски промотор во добрите. Нашата мисија е да го промовираме македонскиот земјоделец, да градиме партнерски односи со производителите и со трговците, да создадеме заедница на македонските производители на храна која ќе ги претставува и ќе се бори за интересите на современето македонско земјоделие, во државата и странство. Приклучете ни се, бидете дел од нас. Раскажете ја вашата приказна, актуелизирајте го Вашиот проблем, презентирајте ја Вашата идеја, понудете добри совети. Ние сме тука, да го пренесеме Вашиот збор, да преземеме активности и заеднички да креираме успеси, што ни е силно потребно, на сите нас, кои директно или индиректно, сме дел од земјоделието. Успехот во оваа гранка, е успех на животот, зошто здравата храна е еден од клучните фактори за здрав живот, а земјоделецот е неговиот најважен столб. И нашиот месечник е олицетворение на вредностите кои ги застапува Зелена берза. Делењето на бесплатни примероци има за цел да го зголеми опсегот на гласот на земјоделците, заедно да ги решиме децениските земјоделски проблеми, натежнати врз сите нас. Заедно да го продолжиме патот кој започнавме да го трасираме. Креирајте го Вашиот весник, според Вашите желби и потреби. Ние сме тука за Вас. Редакцијата на нашиот и Ваш весник, Ви стои на располагање за споделување на Вашата приказна, Вашите совети и Вашето искуство во земјоделието. Контактирајте не на телефон 071 207 021, преку електронска пошта [email protected] или на страната на ФБ / Зелена Берза Срдечен поздрав, Вашата Зелена Берза

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close