Каракашев со апел – Тутунските фирми да ги усогласат цените во нагорна линија
За сите кооперанти кои имат предадено количини кон своите матични фирми под итно и безусловно да се изврши доплата во висина на новата корекција на цените.
Почитувани тутунопроизводители!
Сведоци сме на невиден хаос во овогодишниот откуп на тутунот предизвикан од манипулативниот однос на откупните фирми спрема сопствените кооперанти, а со единствана цел за обезвреднување на макотрпниот труд на тутунарите за нивни дебели профити. Ние како Национална земјоделска мрежа упатуваме АПЕЛ под итно тутунските фирми да ги усогласат цените во нагорна линија без никакви условувања и под итно да започнат редовен откуп на преостанатите количини на тутун. За сите кооперанти кои имат предадено количини кон своите матични фирми под итно и безусловно да се изврши доплата во висина на новата корекција на цените. Напоменуваме доколку не се испочитуват овие оправдани барања на тутунопроизводителите дека за бргу ќе преземеме конкретни активности кои ни стојат на располагање според позитивните законски прописи во прилог на заштита и остварување на нашите заеднички цели. Истовремено посочуваме дека доколку се продолжи со ваквиот однос од страна на откупните фирми во прашање се доведува и нашата доверба во престојната производна реколта со што трајно ќе бидат нарушени односите меѓу нас како кооперанти од една страна и откупните фирми и државата од друга страна.
Ѓорги Каракашев – Национална земјоделска мрежа