Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаМлад земјоделецТоп вести
Каракашев-Субвенциите за една крава во Словенија се 2.000 евра, кај нас 2.500 денари
Од планираните 140 милиони евра за годинава, 55 милиони отидоа за исплата на задоцнетите субвенции, 30 милиони евра за тутунарите и останаа уште 60 милиони евра за сите други стопански гранки, што е многу малку и затоа ние сме таму каде што сме – додава Каракашев.
Земјоделските експерти се согласуваат дека македонското земјоделство заостанува зад европското, но и зад она во земјите од регионот. Проблем е што финансиската поддршка за земјоделството е многу мала, односно субвенциите што ги дава државата се многу пониски во однос на земјите во регионот. Така, на пример, субвенциите за една крава во Словенија се 2.000 евра, а кај нас само 2.500 денари.
– Ние сме далеку зад европското земјоделство, затоа што субвенциите се многу мали во однос на обемното производство во државата и не може да придонесат за развој на земјоделството. Така, на пример, Македонија исплаќа 140 милиони евра субвенции годишно, а Словенија – 600 милиони евра. Субвенциите само за една крава изнесуваат 2.000 евра, затоа Словенија има развиени земјоделство и сточарство и селата се многу развиени. Субвенциите што се исплаќаат се повеќе популистички отколку развојни. Не се даваат во оние сектори и гранки што може да продуцираат најдобри резултати и најбрз развој. Во услови на драстичен дефицит на храна, ние одвојуваме субвенции за споредни култури што немаат никаква врска со производството на храна – изјави за весникот ВЕЧЕР Ѓорѓи Каракашев, претседател на Националната земјоделска мрежа.
Тој додава дека земјоделците не се социјална категорија, тие не бараат да живеат од субвенции, туку тие им се потребни за да им дадат ветер во грб и за да ги поттикнат земјоделското производството и развојот на аграрот.