fbpx
ВестиТоп вести

Една година подоцна –„Зелена берза“ наша гордост

Од наш агол

 

 

Првиот чекор е секогаш најтежок!

Оваa реченица за нас не е фраза која секојдневно ја изговараме, туку почеток на еден успех постигнат со многу труд и посветеност. Една година од излегувањето на првиот број на весникот „Зелена берза“.

Ако секоја акција започнува со мисла, тогаш и ние започнавме со мисла за промена на перспективите на земјоделството низ едно високо квалитетно издание на весник, кое не е ништо друго туку мотивација да се помогне, да се успее, да се слушне вистината, изворна и без цензура на секој земјоделец, за секој еден проблем.

Весникот „Зелена берза“ лани, во оваа време, се појави како една нова надеж, не само да се подобрат работите во новинарството, туку и во една од најсуштинските гранки, земјоделството.

Тогаш тимот на „Зелена берза“ пред себе си даде задача да го покаже најдоброто и да ја врати моќта на земјоделството, на земјоделецот, на оној обичниот селанец кој со својата необична приказна секогаш е позитивен пример каде треба да се движиме, по кои патеки да чекориме и која земја да ја газиме.

Ние имаме планови, цели, идеи, но тие не вредат ако не направиме нешто заедничко. Затоа, заеднички да ги одбираме целите и да влегуваме во акција. Старите рекле- потребен е мал чекор за почеток, ние тоа го направивме, сега треба заеднички да градиме, да го менуваме земјоделството на подобро, институционално, ако е потребно да ги менуваме и некои работи од корен, суштински.

Никој да не си дозволи да го погази трудот на земјоделецот!

Да ја надминеме сликата за неконкурентна земја зависна од увоз на земјоделски производи. Да не наседнуваме на ветувања, туку реално да ги почувствуваме придобивките од развојот на земјоделството и заеднички да ги споделиме со јавноста успешните приказни за секој од вас.

Се согласуваме дека ништо не е совршено, ниту нашите, ниту вашите планови, ниту заедничките, ниту оние на власта, ниту оние на институциите, но кога плановите  ќе ги направиме, а работите сработиме,  верувајте дека можеме да ги надминеме  пречките. Не сите, но барем дел.

Затоа печатеното издание на  „Зелена берза“ е слика за едно ново време, време во кое веруваме  и кое носи нов пристап и енергија како да ги менуваме работите во македонското земјоделство.

 

Анета Блажевска

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close