fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Кавадарци: Околу 130 мостри пристигнати на натпреварот за најдобри вина

Најдобрите производители ќе бидат наградени, наградите ќе бидат доделени на празникот „Свети Трифун”.

Околу 130 мостри се пристигнати на меѓународниот натпревар за најквалитетни вина, што го организира Здружението за негување и развој на винска култура, вински туризам и производи од грозје, „Винотек”, во соработка со Вински музеј за регион Тиквеш.

Панче Арсовски од Винотек”,информира дека во тек e дегустaцијата и оценување на  пристигнатите мостри вина. Тој додаде дека се работи за производи од регистрирани производители, мали винарии и домашни индивидуални производители. Примероците вина се натпреваруваат во две категории. Црвени, бели и розе вина од последната реколта и мирни вина, постари од една година.

– Настанот го организираме во пресрет на верскиот празник „Свети Трифун” што се празнува на 14 февруари, а се смета за заштитник на лозарите и винарите. Покровители се градоначалникот и Советот на општината Кавадарци, појасни Арсовски. 

Најдобрите производители ќе бидат наградени, наградите ќе бидат доделени на празникот „Свети Трифун”.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close