fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Ќе месиме дома: Лебот на „Диме“ стигна до 33 денари

Минатата недела поскапе и лебот од најголемиот производител „Жито лукс“, но за скромен 1 денар, па така белиот леб на кришки сега место 29 денари, чини 30 денари.

Секој ден некоја од пекарите ги зголемува цените на лебот. Најголемо зголемување, како што велат трговците, има кај белиот леб на кришки „Диме“ кој поскапе дури 5 денари – неговата доскорешна цена беше 28 денари, а сега се продава по 33 денари. Минатата недела поскапе и лебот од најголемиот производител „Жито лукс“, но за скромен 1 денар, па така белиот леб на кришки сега место 29 денари, чини 30 денари.

На зголемување на цените предупредија од мелничко-пекарската индустрија. Претседателот на Групацијата од овој сектор, Горан Малишиќ, во изјава за „Слободен печат“ уште пред еден месец алармираше дека цената на пченицата на светските берзи е драстично зголемена, цената на струјата што ја плаќаат компаниите е дури 100 проценти повисока, а има покапување и на амбалажата – за 40 проценти.https://www.slobodenpecat.mk/kje-mesime-doma-lebot-na-dime-stigna-do-33-denari/

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close