fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Пописот ќе се спроведе од 5 до 30 септември, нема ново одложување

Се следи епидемиолошката ситуација и пописот ќе биде спроведен согласно предвидените мерки и протоколи за заштита, додека попишувачите ќе бидат вакцинирани во текот на август.

Со политички договор поради пандемијата со Ковид-19 пописот во април годинава беше одложен за септември, а локалните избори за втората половина на октомври. Додека политичките партии веќе се зафатени со селекција на кандидати за градоначалници, директорот на Државниот завод за статистика Апостол Симовски уверува дека пописот ќе се спроведе во предвидениот период и дека не е планирано ново одложување на пописот во септември.

Симовски, вчера посочи дека се следи епидемиолошката ситуација и дека пописот ќе биде спроведен согласно предвидените мерки и протоколи за заштита, додека попишувачите ќе бидат вакцинирани во текот на август.

– Нормално дека се ќе зависи од епидемиолошката ситуација, но не се очекува некој позначаен пик во државава како што беше во април и март годинава. Она што сигурно ќе го направиме е дека ние пописот ќе го спроведеме и ќе се однесуваме како да сме во најголемиот пик почитувајќи ги сите мерки, изјави Симевски во „Утрински Брифинг“.

Тој очекува, таму каде што ќе има можност и ќе дозволат временските услови пописот да се спороведе и на отворено.

Процесот на самопопушување на нашите граѓани од дијаспората, преку платформата на Државниот завод за статистика, е во тек и ќе трае до 30 сепетмври, до завршување на Пописот.https://nezavisen.mk/popisot-kje-se-sprovede-od-5-do-30-septemvri-nema-novo-odlozhuvanje/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close