fbpx
Вести

Финансирање на земјоделски задруги

Со еден милион евра од европските фондови ќе се финансира развојот на постоечките земјоделски задруги во земјава. Задругарите кои сакаат да ги искористат овие пари треба да аплицираат на огласот кој ќе трае до 15- ти октомври годинава.

До 15-ти октомври годинава е отворен огласот за развој на земјоделските задруги. Огласот е дел од проектот финансиран од Европската унија, кој предвидува грант од скоро еден милион евра за зајакнување на постојните или за формирање нови земјоделски задруги.

Селекцијата ќе се прави по пат на три огласи. На првиот ќе бидат избрани 24 земјоделски задруги, кои ќе добијат техничка поддршка за подготовка на нацрт-бизнис план за развој.

На вториот треба да бидат избрани 16 задруги кои  ќе добијат помош за изготвување на конечен бизнис-план, а на третиот повик ќе се одберат осум задруги кои ќе добијат финансиска и техничка поддршка за неговата реализација.

Задругата треба да обезбеди сопствени средства од најмалку 20 проценти, а парите што може да се добијат од проектот се најмногу до 80.000 евра.

 


 

mrt

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close