Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Кој ги дели сточарите? – Дел добија премија за млекото за еден месец, дел за два, а некои воопшто не добија пари

Сточарите бараат одговори зошто се парцијално исплатени субвенциите за млекото?

Здружението на сточари „Пелагонскио поле“ остро реагира дека со последната исплата на премијата на млекото, сточарите се поделени. Дел зедоа премија за млекото за два месеци, дел за еден месец, а некои воопшто не добија средства од државата.

„Премијата е исплатена со цел да ги раздели сточарите. Како може, дел зедовме пари за два месеци, дел за еден месец, а некои сточари воопшто не зедоа ПАРИ. Како здружение кое никогаш не вели „Благодарам министере“ прашуваме, зошто е направена ваква неправда меѓу сточарите? Ние како „Пелагониско поле“ баравме исплата на најмалку 6 месеци од 2025 година за премија за млекото. И добивме само за јули и август, и тоа не за сите сточари. Затоа го повикуваме премиерот Христијан Мицкоски да ја испита работата и да утврди зошто се случи ваква исплата на премијата за млекото. Ние како сточари сме оштетени за 17 месеци неисплатени субвенции. Наместо пари добивме, проблеми. Бараме Платежната агенција и МЗШВ јасно да кажат по кој основ сточарите добија пари за еден месец, а дел воопшто не добија пари. Кога ќе ни биде исплатена комплетно премијата за млекото за 2025 година, оти за еден месец ќе помине и 20206 година, “, вели сточарот Борче Бучински за Зелена берза.

Пред 4 дена Агенцијата за финансиска поддршка во земјоделството и руралниот развој, на 3656 млекопроизводители, им исплати 64 927 881 денари. Во информацијата на МЗШВ и Платежната агенција  стоеше за колку месеци е исплатена премија.

Зелена берза испрати прашања до Платежната агенција и очекува одговори.

А.Блажевска

Поврзани новости

Back to top button