вести

Наезда на стаорци во Струмичко

Глувци и стаорци прават штети на посевите во струмичкото поле. Земјоделците велат дека се соочуваат со наезда од глодари кои ги гризат стеблата на растенијата и им ја уништуваат реколтата. Најголема штета досега имало на пченката, но не биле поштедени ниту нивите под ајварка.

naezda na staorci vo strumichko

 

Експертите велат дека овој период од годината е нормално да се појават глувци и стаорци и тоа не само во полето, туку и да се повлечат кон домовите, особено околу амбарите со залихи на жито и пченка.

Предупредуваат дека е потребно да се внимава бидејќи доколку дојде до нивно прекумерно размножување, можат да пренесат и многу заразни болести.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close