вестиТоп вести

Козарството и автохтоните раси во фокус на конференцијата „Биодиверзитет на млеко“

(Oвој напис е објавен на: декември 10, 2018)

 

Поповод 10ти декември, денот посветен на локалната храна односно денот на мајката земја „Тера Мадре Ден“, Слоу Фуд Македонија го организира третото издание на манифестацијата „Биодиверзитет на млеко“, за уште еднаш да ги прослави локалните автохтони раси животни, нивните млека и сирења, соопштуваат од Слоу фуд – Битола.

 

Манифестацијата е посветена исклучиво на млекото и претставува можност за презентација на автохтоните раси и автентичните сирења кои постојат во нашата држава. Овогодинешното издание претставува надополнување на двете изминати изданија, првото одржано на 16. 10. 2014 во просториите на ФЗНХ Скопје и второто од 24.06 до 26.06.2016 година во рамки на Тера Мадре Македонија, Битола.

Класичната форма на конференција е преточена во панел дискусии и проширена со изложба и дегустации, за  сите учесници заедно да воспостават функционална платформа за соработка и комуникација помеѓу производителите на сирење, сточарите, граѓанските организации и надлежните институции. Во фокусот е поставено значењето на автохтоните раси за целокупниот земјоделски систем и традиционалните методи на производство на сирења кои се вистинско обележје за одредени региони во земјата, но и за малите сирењари и сточари. И сето тоа, низ обликот на еден делумно заборавен елемент во нашето сточарство – козарството.

Настанот се организира со поддршка од Слоу Фуд Битола во рамки на проектот „Зачувување, карактеризација и одржливо користење на домашната балканска коза во Југозападниот плански регион“ финансиран од ГЕФ ПМГ и Слоу Фуд Битола, со поддршка на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на Република Македонија.

 

Павлина Јовановска

Зелена берза

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close