fbpx
Агро бизнисВести

Просечната плата во Софија-Бугарија надмина илјада евра

Просечната плата во Софија за првпат надмина 2.000 лева

Просечната плата во Софија за првпат надмина 2.000 лева и за месец декември 2021 година таа веќе е 2.031 лева (1.016 евра) соопшти Националниот статистички институт на Бугарија. Како што јави дописникот на МИА, граѓаните на Софија добиваат повеќе од 560 лева (280 евра) во споредба со просечната плата во Бугарија, која за декември 2020 година беше 1.468 лева (735 евра). Со исклучок на платите во Софија, личните приходи во Бугарија имаат просек од околу 1.140 лева (620 евра), што значи дека оние што работат во главниот град заработуваат во просек 77 отсто повеќе.

На второ место во Бугарија е Враца, каде луѓето во просек заработуваат 1.397 лева (716 евра). Враца го држи второто место поради отворање фабрики за производство на електроника за автомобили во градот.

Третото место е за областа на Софија со 1.346 лева (690 евра). Причината за ова е што многу луѓе од овој регион работат во главниот град на Бугарија и компаниите во оваа област исто така плаќаат поголеми плати за да ги задржат своите вработени.https://www.slobodenpecat.mk/prosechnata-plata-vo-sofija-nadmina-iljada-evra/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close