Вести

Технологијата може да има клучна улога во зајакнување на руралните жени

ruralno

Додека дигиталната револуција полека, но сигурно ги стигнува и руралните области во многу земји во развој, руралниот дигитален јаз и понатаму претставува значителен предизвик. Жените имаат уште поголем проблем, а тоа е соочувањето со поделба по три основи: дигитална, рурална и родова.

Новата публикација на ФАО за вклучување на родовите прашања во користењето на информатичките и комуникациските технологии, достапна на англиски јазик, открива како мажите и жените во руралните средини можат да ги искористат предностите на паметните технологии.

“И покрај ветувањата на дигиталната револуција, руралните жени сè уште немаат ист пристап  до и контрола над информатичките и комуникациските технологии како мажите”, вели Софи Треин, експерт на ФАО за управување со информации и знаење.

Причините за ова вклучуваат културни и социјални фактори, ограничено време и мобилност, оптеретеност со работа, недоволни финансиски ресурси и ниско ниво на образование. Сепак, во многу случаи, технологијата може да помогне во надминување на овие пречки, при што важно е на руралните жени да им се обезбедат можности за искористување на придобивките од овие технологии.

“Со цел никој да не биде изоставен, а истовремено да се спречат понатамошни поделби, ФАО предлага развивање на национални стратегии за дигитализација во земјоделството и руралниот развој, во кои ќе бидат адресирани и родовите прашања”, додава Трејнин.

Со родово – одговорен пристап, овие стратегии можат да ја унапредат родовата рамноправност во руралните средини и да влијаат врз намалувањето на сиромаштијата преку зголемено земјоделско производство, подобрен маркетинг и развој на дополнителни активности кои генерираат приходи, особено активности со кои управуваат жените.

Од клучно значење е ваквите иницијативи кои имаат за цел да ја подобрат родовата еднаквост, да ги таргетираат не само жените, туку и мажите, заедно со поширокото семејство и  заедницата.

Добар пример од Македонија

Новата публикација на ФАО содржи неколку студии на случај од целиот свет, вклучувајќи ја и приказната на Сузана Димитриевска, жена-фармер од Македонија.  Димитриевска  имаше за цел да управува со својата фарма за органска храна на поефикасен начин преку користење на дигитални алатки, така што откри паметен софтвер кој ќе и овозможи вршење на голем број активности на планирање и менаџирање – без притоа да ја напушти канцеларијата.

На почетокот, претставниците на компанијата за софтвер за паметно планирање на производство и управување со фарма биле изненадени од фактот што им пристапила жена фармер, но не ја одбиле. Упорноста и донела големи придобивки за нејзиниот бизнис. Софтверот и ја овозможува  посакуваната моќ на донесување одлуки, помагајќи ѝ да утврди која култура на која површина да се посади и во какви количини. Дополнително, Димитриевска успева да ги намали трошоците за работна сила и расходите за гориво и ѓубриво.

Претерано високите температури во изминатата сезона ја тераат да размислува уште подалеку, и како следен чекор, Димитриевска моментално размислува да инвестира во прецизно земјоделство.


 

бизнисвести.мк

Поврзани новости

Back to top button
betewin   betewin   holiganbet   holiganbet   holiganbet   holiganbet   holiganbet   holiganbet   fixbet   fixbet   fixbet   fixbet   fixbet   fixbet   betsat   betsat   betsat   betsat   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   spinco   spinco   spinco   spinco   spinco   spinco   spinco   spinco   casibom   casibom   fixbet   betewin   mrking   fixbet   betewin   mrking   spinco   betewin   spinco   betewin   fixbet   betewin   spinco   matadoret   casibom   betsat   betsat   betsat   betsat   betsat   mrking   holiganbet   betparibu   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   onwin   casibom giriş   casibom   betgaranti   betebet   betebet   onwin   onwin   betgaranti   betgaranti   mrking   mrking   mrking   betebet   betebet   superbet   superbet   superbet   superbet   mrking   mrking   casibom   casinoper   bahisnow   casibom   betgaranti   betgaranti   slotbar   slotbar   onwin   onwin   rexbet   rexbet