fbpx
ВестиТоп вести

Страшен феномен го „јаде“ Преспанското Езеро

 

Висината на водостојот на Преспанското Езеро се намалува, потврдуваат од Општина Ресен и велат дека климатските промени си го прават своето, така што езерото се смалува и во обем.

Последните мерења направени кон крајот на август покажуваат дека водостојот е 2.5 метри под нормалното ниво, а за тоа колку е намалено езерото во должина велат дека точен податок немаат. Сепак, потврдуваат дека има сет на мерки, со кои ќе треба да се делува и да се прави контрола на управувањето со водите, со цел да се намалат штетите по езерото.

„Немаме дождови, немаме снег во зима, сушите, климатските промени си го прават своето. Во 2020 година планираме да организираме меѓународна конференција за езерото. Мораме сериозно да размислуваме на оваа тема, затоа што колку ќе е позелена земјата, толку ќе е подобро за нас, а колку ја оставаме земјата гола, ќе биде лошо за нас“, вели Ајман Ал Малла од секторот за животна средина во Општина Ресен

Со години водата во езерото се повлекува.  Водата е повлечена и од плажите во Стење, Отешево, Асамати, Претор, Сливница Крани и Брајчино. Оваа појава ги загрижува мештаните.

Извор: Фактор

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close