fbpx
ВестиТоп вести

Локалните Акциони Групи  за подобрување на руралниот развој

 

Од почетокот на оваа година Локалната Акциона Група АГРО ЛИДЕР во соработка со Мрежата на ЛАГОВИ со поддршка на Македонското здружение на млади правници, одржаа низа на состаноци со постоечките Локални Акциони Групи со цел зајакнување на капацитетите, утврдување на приоритетите и формирање на организациска структура која може да одговори на потребите на членките, во согласност со принципите на ЕУ Лидер пристапот. Започнати како иницијативи за обезбедување на социо-економски развој во претходните години ЛАГовите без поддршка на владините институции се трудеа да опстанат соочувајќи се со низа предизвици како недостаток на финансии, правна рамка како и техничка поддршка. Минатата година 13 Локални Акциони Групи беа одобрени и препознати како јавно-приватни партнерства согласно принципите на ЛИДЕР пристапот од страна на Минситерството за земјоделство,шумарство и водостопанство, што претставуваше поттик за нивна поголема ангажиранот во воспоставување на организациски структури и креирање на Стратегии за локален развој кои преку пристап од долу- нагоре и вклучување на сите чинители на одредена територија се трудат да одговорат на вистинските проблеми со кои се соочуваат жителите на територијата каде делуваат.

Оваа година за прв пат преку програмата за рурален развој за 2019 година, се објави повик за поддршка на Локални Акциони Групи, со цел тие да можат да го истакнат својот потенцијал за одржлив рурален развој. Дел од постоечките Локални Акциони Групи се веќе препознати и даваат свој придонес во руралниот развој, но сеуште неопходно е зајакнување на нивните капацитети, овозможување на правна и финансиска поддршка и воспоставување на соработка помеѓу постоечките ЛАГови и иницјативите за создавање на нови ЛАГови за да споделат знаења и искуства и заеднички да се делува за обезбедување на рамномерен територијален рурален развој.

Во исчекување на резултатите и активностите кои ЛАГовите ќе ги спроведат во рамките на нивните предлог проекти согласно Програмата за рурален развој, останува да се овозможи поголема поддршка од локалните тела во руралните општини и останатите субјекти на територијата каде ЛАГовите делуваат, за да се создадат услови за нивна континуирана активност и реализирање на целите од Стратегиите за локален развој. ЛАГ АГРО ЛИДЕР и Мрежата на ЛАГови се отворени за споделување на информации и соработка со сите заинтересирани страни кои би сакале да бидат дел од една ваква инциијатива насочена кон заеднички придонес за подобар живот во руралните средини.

Марина Тошеска

 

 

 

 

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close