fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

ДДВ на струја од сегашните 5 се качува на 10 отсто-граѓаните нема да плаќаат поскапа струја уверува министерот Бектеши

Корекција на цената ќе има

Промени во цената на струјата според министерот за економија Крешник Бектеши ќе има, но крајните потрошувачи кои се снабдуваат на регулиран пазар сепак нема да плаќаат повисоки сметки. Министерот во синоќешното гостување на Телевизија 24 рече дека ќе има зголемување на ДДВ на струја од сегашните 5 на 10 отсто.

– Согласно новите пресметки има простор ДДВ за струја да се врати на 10 проценти, а нема да се внесе на цената на електрична енергија и за домаќинствата и за малите потрошувачи и сите тие што се снабдуваат со електрична енергија во регулираниот пазар – изјави министерот.

Бектеши додаде освен третиот блок на РЕ „Битола“, сите поголеми капацитети за производство на електрична енергија во земјата се во функција, што создава простор цените кои ЕСМ треба да ги понуди кон универзален снабдувач ЕВН „хоум“, кон електродистрибуција и кон МЕПСО.

Прашан дали ќе има корекција на цената на струјата, дали ќе поскапи, Бектеши рече дека корекции ќе има, но можат да биде во нагорна или надолна линија.

– Корекција на цената ќе има, како и во влезните податоци од страната на ЕСМ, на ЕВН „хоум“, на електродистрибуција, на МЕПСО, но корекциите можат да бидат и нагоре и надолу – додаде Бектеши и појасни дека корекции надолни најверојатно ќе има кај дистрибуцијата на енергијата.https://faktor.mk/

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close