fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести

Четврто издание на „Вкусот на Буково“

Нема двор на производител во Буково, а да не е накитен со низи црвени пиперки

Четвртото издание на традиционалниот настан посветен на буковската пипер „Вкусот на Буково“ вчера ќе се одржи во битолското село Буково. 

Манифестацијата беше во организација на „Президиум Буково“, а со финансиска поддршка на Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство, Слоу Фуд Македонија, Месна заедница Буково и Концепт продукција.

Како што соопшти организаторот, октомври не е случајно избран за месец за одржување на овој настан бидејќи ова е периодот на пикот на бербата на буковската пиперка.

– Нема двор на производител, а да не е накитен со низи црвени пиперки кои се поставени на стреите од куќите за нивно природно сушење кое претставува  и првиот чекор за производство на зачинот буковска пипер. Селото Буково се смета за едно од ретките места кои се благословен со божји дар и го имаат ова непресушно богатство од жолто-златно семе кое производителите „себично“ го чуваат за наредната година. Од ова автохтоно семе се произведува највкусниот зачин по кој Буково е познато уште и како татковина на најдобриот црвен пипер. Не е лут, ама има неповторлив пријатен мирис и вкус, посочуваат од „Президиум Буково“.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close