fbpx
ВестиМакедонија

Лукаревска: Неисплатените плати на работниците ќе им се префрлат преку присилна наплата

Инаку, за декември 13.160 работодавачи добиле 961 милиони денари државна помош за исплата на платите за тој месец

До 2 февруари, односно по исплатата на државната помош за исплата на плати, 306 работодавачи досега не им ги исплатиле парите на своите работници, информираше денеска Сања Лукаревска, директорката на Управата за јавни приходи.

– Доставени се опомени, по истекот на рокот ќе следи постапка на присилна наплата со блокада на нивните трансакциски сметки и пренос на средствата на сметките на работниците, рече Лукаревска.

Станува збор за износ од 16,3 милиони денари кој што им се должи на 992 вработени, а при тоа управителите не ја исполниле обврската за исплата на плата. 78 од претпријатијата се од дејноста трговија на мало.

– Секој управител треба да знае дека сноси кривична одговорност, бидејќи тој стои зад  веродостојноста на податоците која ги дава секоја компанија кога аплицира за оваа помош, додаде директорката на УЈП.

Од првиот циклус на исплата на помош за плати, 109 компании за април, мај и јуни не исплатиле и кај истите се извршени контролизаедно со Државниот инспекторат за труд , за што ќе има заедничко известување од епилогот во вторник

Инаку, за декември 13.160 работодавачи добиле 961 милиони денари државна помош за исплата на платите за тој месец.https://faktor.mk/lukarevska-neisplatenite-plati-na-rabotnicite-kje-im-se-prefrlat-preku-prisilna-naplata

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close