fbpx
Вести

Македонија годишно фрла 5000 тони храна

Над 400 илјади граѓани во земјава имаат по еден оброк дневно. Од друга страна во Македонија годишно на депониите се фрлаат 5000 тони безбедна храна или околу 10 милиони евра – количина со која можат да се снабдат 13 илјади луѓе со по три оброка на ден или еден мал град во земјава. По повод светскиот ден на храната и борбата против гладта од организацијата на потрошувачи со повик до граѓаните и надлежните да се превземат соодветни мерки за да не се фрла храна.

Од  црвениот крст велат дека се задоволни од граѓаните. Се повеќе тие се дел од хуманитарните акции, каде донираат храна се со цел да им се помогне на сиромашните граѓани.

Според податоците на агенцијата за храна и ветеринарство за првите седум месеци од годинава извршени се 40 илјади инспекциски контроли. Изречени се 40 парични казни, поведени се и 11 прекрочни попстапки.

Како небезбедни од домашниот пазар повлечени се и поништени над 100 илјади килограми храна од животинско и неживотинско потекло.

За надминување на проблемот со фрлањето на  безбедна храна и  од бизнис секторот пред извесно време  најавија законски измени кои би требало да бидат готови  на почетокот на идната година и со кој ќе се регулира храната пред истекот на рокот да не се фрла на депониите туку да се донира за хуманитарни цели.

Отпадот на храна во Европската унија достигнува и до 100 милиони тони годишно што претставува штета од неколку милијарди евра. Од регионот само Хрватска има донесено правилник за донирање на вишокот храна, јавува Сител.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close