вести

Македонија од годинава може да извезува јагнешко во Kина, сувомесно во Америка и свежи јајца во ЕУ

Јагнешко смрзнато месо во Kина, јајца, говедско месо и сувомесни преработки во Европската Унија и млеко, млечни производи и месо во Америка се само дел од македонските производи што веќе може да се извезуваат надвор од границите. Европската Унија од лани даде зелено светло за увоз на свежи јајца од Македонија, а говедско месо и сувомесно со македонско потекло ќе можат да јадат Американците кои од почетокот на следната година ги очекуваат производите на своите рафтови.

makedonija od godinava mozhe da izvezuva jagneshko vo kina suvomesno vo amerika i svezhi jajca vo eu

 

Според минатогодишниот извештај на Агенцијата за храна, четири производители на јајца веќе се подготвени за извоз, а за останатите ќе биде оставен простор за приспособување на барањата од Европската Унија. Живинарите и сточарите велат дека на овој начин пазарот ќе се растовари од суфицитот на јајца и месо што го има македонскиот пазар, но не веруваат дека ова ќе се случи пред втората половина на 2016 година за кога се очекуваат европските фондови од ИПАРД да бидат достапни за оваа гранка. Според официјалните податоци, домашното производството на јајца е околу 243.004.000 јајца, а просечниот годишен број на живина во Македонија бил околу 2,85 милиона.

Строги услови за извоз

Во извештајот стои дека во текот на минатата година заокружен е процесот на иницијалните активности за одобрување на извозот на храна од животинско потекло во Соединетите Американски Држави.

– Владата ја задолжи Агенцијата за храна и ветеринарство да започне и да продолжи со активностите за обезбедување услови и критериуми што треба да се исполнат од страна на нашите извозници на производи од риба, млеко, пилешко, говедско, овчо и свинско месо во САД. Во согласност со законската регулатива на САД, производите што се увезуваат треба да потекнуваат од одобрени земји и објекти што ги исполнуваат условите за извоз во САД. Одобрување на земјата, односно објектите, е поврзано со исполнување одредени услови како сертификати за безбедност на храна, функционирањето на надлежниот орган, законската регулатива и контрола на резидууми и програми за микробиолошко тестирање – велат во Агенцијата.

Во однос на извозот на риба во САД операторите со храна што сакаат да ги извезуваат нивните производи треба да бидат регистрираат од страна на Администрацијата за храна и лекови на САД, при што се должни однапред да ја најават својата пратка до неа. Понатаму, увезените производи се предмет на инспекција на самите пристаништа за влез во САД и тие можат да бидат задржани доколку не ги исполнуваат барањата. Исто така, тие треба да се произведени и складирани во објекти што имаат воспоставен НАССР-систем, да имаат соодветно декларирање на производите наменети за малопродажба или на контејнерите. За да се извезува млеко во Америка, потребно е да се исполнат истите услови како за извоз на риба. Млеко и млечни производи на американскиот пазар веќе извезуваат неколку домашни млекарници.

Kај извозот за месо се прават последните прилагодувања. Набргу на овој пазар треба да се извезува пилешко, говедско, овчо и свинско месо.

Извоз на јајца во ЕУ

Процесот за одобрување извоз на јајца во ЕУ е започнат уште во 2010 година со официјално барање од наша страна. По контролите од нивна страна од јануари годинава, извозот на јајца во ЕУ може да прават неколку фарми. Извозот на риба и производи од риба во ЕУ започна на крајот на 2012. Лани е спроведена инспекциска контрола од страна на Европската комисија со која е утврдено дека Агенцијата за храна може да обезбеди доволни гаранции за квалитет и безбедност во однос на условите за извоз на производи од риба во ЕУ.

Од в година се очекува и реализација на извоз на смрзнато јагнешко месо во Народна Република Kина. Се очекува со спроведување на инспекциската контрола и верификување на бараните услови земјава набргу да обезбеди и формално одобрување од страна на Kина. Ова значи дека Македонија ќе биде на листата со земји и објекти одобрени за извоз на замрзнато јагнешко месо во Народна Република Kина.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close