fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Маж и жена од Ресен најдени мртви покрај автомобилот во провалија на патот Охрид-Отешево

Се работи за М.Х.(59) и М.Х.(56), двајцата од Ресен, за кои на 16.06.2024 во 22.00 часот нивниот син пријавил дека се оддалечиле од домот со возилото.

СВР Битола соопшти На 17.06.2024 околу 13.00 часот во провалија покрај патот Охрид – Отешево, полициски службеници од Полициската станица Ресен со помош од параглајдеристи пронашле патничко возило „фолксваген голф“ со ресенски регистарски ознаки и во негова близина биле пронајдени две починати лица. Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт кај лицата, а полициски службеници констатирале дека се работи за М.Х.(59) и М.Х.(56), двајцата од Ресен, за кои на 16.06.2024 во 22.00 часот нивниот син пријавил дека се оддалечиле од домот со возилото. Увид бил извршен, а по наредба на јавен обвинител телата на починатите биле дадени на обдукција.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close