вестиЕкологијаТоп вести

Драматично намалување на водостојот на Преспанското езеро

Алармантна е состојбата со Преспанското езеро. Водата од ден на ден се повеќе ја снемува, мештаните се загрижени, сликата од брегот е истовремено и тажна и драматична.

Се подолгите опустошени крајбрежни делови без вода предупредуваат на голема еколошка катастрофа. Последните мерења информираат дека на делови – водата е повлечена и до 200 метри од брегот.

Една од најкритичните точки е Крани.Таму е воочливо огромното повлекување на водата. Сопствениците на кампови во Крани сведочат за тоа дека езерото го снемува, но поради што и каде оди таа вода никој не знае да ни каже вели нашата соговорничка Ленче. Таа секое лето со сопругот престојува во кампот и раскажува дека од 2017 та досега водата на тој потег е повлечена од крајбрежјето за повеќе од 100 метри.

Дека ситуацијата е загрижувачка потврдуваат и од Секторот за животна средина при Општина Ресен.Раководителот Ајман Ал Малла информира дека од пролетта до сега водостојот на езерото е намален за 12 см.

Како причини тој ги наведува високите температури последниве месеци, злоупотребата на водата за наводнување, но и лошото менаџирање со подземните води. Во меѓувреме, вели се вршат научни студии и анализи за да се утврди  што конкретно ја празни водата од природниот басен, но е неопходна итна сериозна интервенција од државата особено во делот на прекуграничната соработка.

И екологистите предупредуваат дека доколку наскоро не се превземат конкретни мерки од трите држави кои го користат овој природен ресурс на повидок е еколошка катастрофа, но и големи економски загуби кај населението од овој регион кое егзистира исклучиво од риболов, земјоделие и туризам.

Извор: 24.мк

Слични написи

Back to top button
Close