МЕПСО: Распрскувачите за наводнување подалеку од далекуводите
Водата е спроводник на електрична енергија и може да се направат штети со катастрофални последици.
Воо екот на наводнување на земјоделските површини,земјоделците да внимаваат како ги поставуваат цевките, односно системите за наводнување и распраскување во близина на далеководните траси, предупреди на денешната прес-конференција портпаролот на АД МЕПСО, Никола Стојанов.
– Оние кои поставуваат системи за распраскување и наводнување секогаш треба да имаат предвид дека водата е спроводник на електрична енергија и дека секогаш може да направи шртети и со катастрофални последици по здравјето и животот на луѓето – рече Стојанов.
Правилото гласи дека распраскувачи не треба да има под трасите, односно под проводниците на далеководите, и да се внимава на правецот и на силината на ветерот.
Исто така во текот на жетвата треба да се избегнуваат поминувања под проводниците на далеководите со комбајни или големи трактори.
Стојанов потсети дека земјоделците не треба да ги палат и нивите по жетвата кои се во непосредна близина на далеководите.