fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Месото нема да поскапи, оти житото е со ниска цена, вели потпретседателот на Асоцијацијата на земјоделци

Житото годинава бележи намалување на цените и нема оправдана причина поради која би се зголемила цената на месото.

Цената на месото нема да се зголеми, дециден е потпретседателот на Асоцијација на земјоделци, Гоце Сарафимов, кој воедно е и еден од поголемите производители на месо во штипско-карбинскиот регион. Тој денеска посочи дека токму ниската цена на јачменот и пченицата оваа година ќе ја одржи иста цената на месото.

Според него, житото годинава бележи намалување на цените и нема оправдана причина поради која би се зголемила цената на месото.

– Нема да има покачување на месото оти житарицата беше евтина, дури цената е намалена од ланската година. Месните индустрии сакаат да покачат како и млечната, а цената на млекотопроизводителите го намалија, од 35 на 30 денари,  вели Сарафимов.

Со цена од 140 денари жива мера производителите на месо, односно фармерите се задволни од цената која во овој момент е повеќе од реална, додава Серафимов.

Цената на јачменот оваа година беше девет денари, а потоа падна уште повеќе на осум денари за килограм. Земјоделците се жалеа на проблемот дека никој не го откупува житото.

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close