fbpx
ВестиМакедонијаТоп вести

Последните количини од преспанските јаболка заминаа за Бугарија и Босна

Корона кризатата ја покачи цената на преспанското јаболко и ги отвори вратите за извоз. Килограм јаболка, екстра квалитет се продадоа за Бугарија по цена од 60 евро центи за килограм, велат јаболкопроизводители од Преспа. Претходната недела големи колични од преспанските јаболка заминаа за пазарите во Босна, а од таму за Молдавија . 

-Од 30 до 40 шлепери од по 20 тони јаболка деновиве заминуваат за Бугарија. Неколку производители успеавме да постигнеме одлична цена. Родот ни е во целост откупен за 35 денари за килограм, вели Пере Транталовски, производител од Преспа. 

Јаболкото се бара и на домашниот пазар.  

А.Б

Слични написи

Back to top button
Close