
Мицкоски: За 11 месеци исплативме 8 милијарди 662 милиони денари – Земјоделството е стратешки приоритет на оваа Влада
Македонскиот народ се потпира – и ќе продолжи да се потпира-на трудот, знаењето и љубовта со кои нашите земјоделци ја обработуваат земјата
Македонскиот народ се потпира – и ќе продолжи да се потпира-на трудот, знаењето и љубовта со кои нашите земјоделци ја обработуваат земјата, рече премиерот Христијан Мицкоски на „Манифестацијата „Од нива до трпеза“
-Во период од само единаесет месеци, исплативме вкупно 8 милијарди 662 милиони денари за заостанати субвенции и редовни исплати кон земјоделците – тоа е конкретна поддршка, тоа се пари кај луѓето што ја хранат државата!
Направивме законски измени со кои земјоделските задруги конечно станаа препознаени и евидентирани, со што го олеснуваме нивното здружување и настап на пазарот.
Распишан е Јавен повик за финансиска поддршка за економско здружување на земјоделските стопанства и за заедничко вршење на земјоделска дејност.
Откупувачите на тутун ја зголемија откупната цена од 375 на 400 денари за прва класа, а Владата ја зголеми субвенцијата од 80 на 100 денари по килограм.
Беше распишан Јавен повик за мерката помош на млади земјоделци, и добивме 254 апликации од нова генерација земјоделци која сака да остане тука и да гради иднина во татковината.
Во 2024 година, за првпат се постигна највисока откупна цена за винските сорти.
Ова не се празни зборови-ова се конкретни дела. Ова се податоци кои говорат за еден нов пристап, нова енергија и јасна визија: да го подигнеме агросекторот, да ги мотивираме младите, да ја дигнеме довербата на земјоделецот, рече Мицкоски.