ВестиМакедонија

Минималната да порасне на 60 отсто од просечната плата, бара ССМ

Синдикалната минимална кошничка во јануари изнесувала 33.650 денари. 

Со растот на просечната плата да расте и минималната плата, бараат од  Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ).

ССМ соопшти дека се залага минималната плата да порасне на 60 отсто од просечната плата затоа што е тоа европска тенденција и случај во сите европски држави. Објаснуваат дека и денес, како и кога  почнале да ја пресметуваат синдикалната минимална кошничка, податоците се исти –  просечната плата во земјава покрива околу 70 проценти од синдикалната минимална кошничка.

„Ако се земе предвид дека синдикалната минимална кошничка за јануари 2021 година изнесува 33.650 од кои само за храна и пијалаци треба да се издвојат најмалку 14.000 денари, произлегува дека работник кој работи за минимална плата заработува само за леб и за вода, а доколку двајца работници од едно семејство работат за минимална плата, им недостасуваат 3.782 денари до висината на кошничката за да си ги овозможат само неопходните работи за преживување, а не и за нормален живот“,  велат од  ССМ.

Додаваат дека периодов најголем број работодавачи исплаќаа плата во висината на минималната плата, не исплаќаа додатоци и надоместоци на плата, туку ги пресметуваат во висина на минималната плата на работниците, што не е законски.
Синдикалната минимална кошничка во јануари изнесувала 33.650 денари. https://faktor.mk/minimalnata-da-porasne-na-60-otsto-od-prosechnata-plata-bara-ssm
Тагови

Слични написи

Back to top button
Close