Агро бизнисБез категоријаВестиМакедонијаТоп вести
Министерот Николовски ќе учествува на Меѓународниот саем за земјоделство „Интерагро 2022“ во Бјељина
Македонскиот штанд ќе биде претставен со 13 домашни компании и на посетителите ќе го понуди убавото македонско вино, домашни традиционални производи како ајвар, лутеница, чоколадна алва, таан и конзервирани производи.
Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски ќе биде домаќин на македонскиот штанд на Меѓународниот саем за земјоделство, лов, риболов и екологија „Интерагро 2022“, кој се одржува од 20 до 22 септември 2022 година во Бјељина, Република Српска.
Република Северна Македонија е земја партнер на 20-тото јубилејно саемско претставување на овој меѓународен саем за земјоделство. Македонскиот штанд ќе биде претставен со 13 домашни компании и на посетителите ќе го понуди убавото македонско вино, домашни традиционални производи како ајвар, лутеница, чоколадна алва, таан и конзервирани производи.
Министерот Николовски ќе има свое обраќање на отворањето на меѓународниот саем „Интерагро 2022“.