Агро бизнисВестиТоп вести

Министерот Серафимовски со отворени врати за земјоделските здруженија

Подготвен сум да ги сослушам сите здруженија и организации што го претставуваат гласот на земјоделците, вели Серафимовски.

Министерот за земјоделие Борче Серафимовски вели дека вратите на министерството се отворени за земјоделците. Тој оствари срдеба со Асоцијацијата на земјоделци чии претседател е Петре Стојкоски.

 

„Во Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство нема затворени врати за земјоделските здруженија. Денес се сретнав со претставници на Асоцијацијата на земјоделци, со кои отворено разговаравме за прашањата што се важни за земјоделците и за предизвиците со кои се соочуваат.
Подготвен сум да ги сослушам сите здруженија и организации што го претставуваат гласот на земјоделците. Различните ставови и предлози се важни, бидејќи само преку искрен дијалог можеме да дојдеме до решенија што ќе бидат применливи и ќе одговорат на реалните потреби.
Земјоделските политики мора да се градат заедно со оние на кои им се наменети, објави Серафимовски.

Поврзани новости

Back to top button
casibom   betcio   jojobet   jojobet   jojobet   jojobet