Министерот вети дека месецов сите земјоделци ќе ги добијат субвенциите

(Oвој напис е објавен на: August 15, 2017)

До крајот на месецот се очекува сите земјоделци да ги добијат субвенциите, соопшти министерот за земјоделство, Љупчо Николовски.

Николовски информира дека за два месеци се исплатени 50 милиони евра субвенции, а за реализација остануваат уште 15 милиони за кои веќе се подготвени решенија. Проблем за нивна исплата е тоа што контролите покажале несовпаѓање на пријавеното со состојбата на терен.

„Оние производители кои поради некоја причина нема да добијат субвенции, да се обратат до Платежната агенција за да се детектира проблемот и да се надмине“ – изјави Николовски.

До крајот на 2017 година ќе бидат исплатени и дополнителните шест милиони евра поддршка, за млад земјоделец и за подигање нови повеќегодишни насади.

Со Програмата за 2017 година ќе се исплатат и нови два милиона евра субвенции за пченица, јачмен, лозарство, овоштарство и фуражни култури.