fbpx
Агро бизнисВестиМакедонијаТоп вести

Мирчески-Дали новиот правилник значи намалување на цените на тутунот по класи!?

Укината е 4 класа и дополнителната 2 класа.

Тутунарите се пред нов предизвик! Пред почетокот на откупот на тутунот од новата реколата се уште немаат транспарентно  објавени информации како ќе се цени и како ќе им се откупува тутунот.

-Од оние информации кои ги имаме од социјалните медиуми укината е 4 класа и дополнителната 2 класа. Ние како новоформирани здруженија ниту сме запознати, ниту сме консултирани, ниту е побарано наше мислење. Но, се плашам дека ако овие измени се донесени еднострано од страна на министерот без согласност на откупувачите можеби ќе дојде до намалување на цените по класи, бидејќи сега 3 класа ќе биде збирна класа. Не сме официјално запознати со правилникот и затоа е најдобро да кажат што договориле претседателот на на СЗЗ бидејќи тие ги добиваат парите на тутунарите и министерот кој ги носи овие измени. Ако дојде до намалување на цените по класи од страна на откупувачите, тутунарите повторно ќе бидат најголемите губитници. Ова е спротивно од она што ние го баравме за покачување на цените по класи од најмалку 20% со оглед дека имаме реколта со одличен квалитет и намалени приноси по единица површина, изјави за Зелена берза Игор Мирчески, координатор на новофомираните тутунарски здруженија.

А.Б

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close