
Тече огласот за закуп на земјоделски површини во сите региони во државата
Земјоделското земјиште во државна сопственост што се нуди под закуп е со големина до 3 хектари, со пониска катастерска класа и на повискоки надморски височини.
Парцелите се наоѓаат во речиси сите региони во државава, а во постапката се овозможува со олеснета процедура на заинтересираните земјоделски стопанства да им се даде шанса да добијат нови или дополнително парцели и да ја зголемат сопстевената површината за обработка и за производство.
Рокот за аплицирање е 30 дена од денот на објавата, односно од 12 декември 2018 година. Идните корисници во зависност од културата која ќе ја одгледуваат, парцелите ќе ги добијат за користење во период од 15 до 70 години.
Право на учество имаат домашни физички и правни и странски правни лица. Правните лица мораат да достават бизнис план, а физичките програма за користење на парцелата
Откако ќе се соберат сите понуди, владина комисија ќе донесе одлука за избор на најповолен понудувач.