
Агро бизнисВестиТоп вести
Мирчески – Додека си го мерат „рејтингот“, земјоделците едвај врзуваат крај со крај
Јавна реакција на Игор Мирчески по повод Фејсбук преписките и обвинувањата на актулениот министер Цветан Трипуновски со екс министрот Љупчо Николовски.
Јавна реакција на Игор Мирчески по повод Фејсбук преписките и обвинувањата на актулениот министер Цветан Трипуновски со екс министрот Љупчо Николовски.
Поранешниот и актуелниот министер за земјоделство си разменија преписка на социјалните мрежи кој повеќе се грижи за земјоделците.
Првиот сега како опозиционер го критикува неработењето и уништувањето на земјоделците со носење на погрешни одлуки, кратење на субвенции по разни програми кои беа овозможени од предходната влада, критикува за непочитувањето на актуелни закони, ниски откупни цени. Селекција при распределба на државното земјиште за лагите и ветувањата дадени од актуелниот министер кога беше опозиција, кој ветуваше и критикуваше се и сешто само да им се допадне на земјоделците.
Речиси сите слабости на актуелниот министер ги нотирал во својот Фејсбук статус Николовски, заборавајќи или свесно премолчуваќи ги измените на законот за тутун кои актуелната влада ги изгласа пред некој ден, а кои со наредниот откуп на зима тутунарите на своја кожа ќе осетат колку се во полза за нив, од една причина бидеќи со измените во Законот за тутун од 2019, во мандат на Љупчо отпочнаа проблемите на тутунарите при откуп.
Реакцијата на актуелниот министер Цветан трипуновски на Фејсбук статусот на Николоски – прикаска сама за себе, со ниско ниво на политичка култура која не доликува на еден политичар дотолку повеќе ако истиот е министер и ја преставува институцијата во земјата и надвор.
Самиот текст на реакцијата не сакам да го коментирам, напишан како да се обраќа на своите партиски симпатизери па неважно е што ќе се каже па и да се излаже, а и онака тие ќе му речат – БРАВО министер ти си најдобар!
За останатите земјоделци во иднина министерот добро е кога дава некаков демант тоа да биде поткрепено со бројки и конкретни дела кои се мерливи и споредливи, а не статус наменет за партиски митинг или во функција на политичка предизборна кампања или пак Трипуновски заборава дека не е повеќе во опозиција, па може да си каже се’ и сешто без тоа да има тежина.
И додека овие двајца политичари, а слаби министри за земјоделство си го мерат „рејтиногот“ кому му е поголем, Македонија останува увозно зависна земја. Земјоделска земја, а увезува годишно за храна една милијарда евра.
-килограм жито ќе биде колку 1 гуме за џвакање,
-лозарите со цени најниски во регионот,
-оризарите ќе останат едни од најманипулираните земјоделци,
-одгледувачите на овци без субвенции како да се најневажната група земјоделци.
-Наводнувањето и системите за наводнување посебна приказна.
-Прераспределба на државното земјоделско земјиште од корисници на членови на Сдсм преминува во корисници на ДПМНЕ, а во повеќе од пола државни ниви обраснаа во трње и за нив се земаат субвенции.
-НЕсуштинска (козметичка измена на Законот за тутун) која ќе ја осетат тутунарите во првата откупна сезона.
Едноставно држава брз јасна визија и никаква стратегија во поглед на земјоделието и новите предизвици од глобалното затоплување и имплементирање на нови современи технологии. Останува преку лајкови за и против партиските подржувачи да измерат кому му е „поголем рејтингот“, а останатите земјоделци ќе продолжат да ги трпат штетите од водење на институциите од неспособни партиски кадри.
Коментар на Игор Мирчески