fbpx
Агро бизнисБез категоријаВести

Млекопроизводители: Потребно е државата да нѐ поддржи, а недостигот од работна сила, особено во трлата и шталите да се бара од странство

Млечната криза во земјава е долгорочен проблем

Млечната криза во земјава е долгорочен проблем, а спасот е во малите стопанства и поддршката на малите производители. Потребно е државата да ги поддржи, а недостигот од работна сила, особено во трлата и шталите да се бара во увозот. 

Ова го констатираа млекопроизводителите и околу 35 проиводители на млечни и земјоделски производи на денешниот фестивал „Млеко 2023“ што се одржа во Прилеп, под мотото „Вкусот на ливадите“.

– Имам свое стадо овци и крави во селото Дихово, Битолско. Имаме прекрасни услови во Македонија за сточарство. Имаме дел државна помош, но не во целост. Комплексна е работата со сточарството во Македонија. Откако пропадна шведската млекарница, кај нас имаме млечна криза. Мислам дека 70 до 80 отсто од млечните производи се од увоз. Инаку, мислам дека во поранешна Југославија бевме еден од најголемите проиводители на млечни производи. Сега сме на дното, објаснува Игор Поповски, сточар и производител од битолското Дихово.

Елена Каровска Тошевска од националната организација Слоуфуд Македонија ја нагласува поддршката на малите стопанства и производителите.

Гордана Цветаноска, производител на земјоделско производство се надева дека во иднина ќе има повеќе мали стопанства за преработка на земјоделските производи.

-Сметам дека иднината е во земјоделското, органското и еколошкото производство на храна, вели таа.

Нереално е да се зголемат цените на млечните производи, шпекулации за 30 отсто повисоки цени на млечните производи, произведуваат уште поголема криза.

-Се слушна дека за 30 отсто ќе се зголемуваат цените на млечните производи. Сметам дека тоа не е во ред, и онака е скапо. Можеме да издржиме и со вакви цени. Во последниве години може да се рече дека има иднина во сточарството. Се подобруват условите, за малите производители има иднина. Куповната моќ на граѓаните е опадната и не се потребни нови, повисоки цени, смета Љупчо Бабаноски, сточар од Мало Коњари, Прилепско.

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close