fbpx
Агро бизнисВестиДвор и градинаЕкологијаЛов и риболовМеханизацијаМлад земјоделецТоп вести

Многу тешко оди обештетувањето од диви свињи, земјоделците требало да ги оградат нивите

На земјоделец од Габалавци диви свињи му ја изеле пченката, пари нема за штетите

Тешко оди наплатата на штетите предизвикани од диви свињи врз земјоделските површини. Земјоделци се жалат дека и по една до две години не можат да добијат надомест на штета. Фармер од селото Габалавци, Битолско вели дека диви свињи му ја „обрале“ нивата со пченка, а и покрај тоа што ги обезбедил сите докази никако не може да добие обештетување. Напротив од надлежните институции добил информацијата дека требало да ги огради нивите. Земјоделецот работи 20 хектари под пченка, површина што не е запотценување, а колку ли ќе чини нејзиното оградување!?.

-Пред година и пол диви свињи ми направија голема штета во нивите, се’ уништија што имав посадено под пченка. Пријавив до МЗШВ, платив геометар, направив еден куп трошоци, ме фати над 40 илјади денари, а досега не добив ништо, ни денар обештетување. Напротив ми кажаа дека требало да ги оградам нивите. Како да ги оградам кога обработувам 20 хектари, а за еден декар ограда ми се потребни 8.000 денари. Тоа е голем трошок и сметам непотребен. На што ќе личат нивите  и полето оградени?, се жали нашиот фармерот.

Пред извесен период бил променет законот за ловство во делот на обештетување од заштитен дивеч. Но, земјоделците не се задоволни и бараат враќање на стариот начин на обештетување.

Испративме прашање до МЗШВ за овој проблем и очекуваме одговори.

А.Б

 

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close