Мотивирачки стипендии и за студенти од областа на земјоделските, ветеринарните и шумарските науки
-Воведувањето на новите стипендии ќе се реализира во рамките на предвидените буџетски средства на Министерството за образование и наука, коешто деновиве ќе го распише и конкурсот за посочените стипендии, за академската 2022/23 година, велат од Владата.
На предлог на Министерството за образование и наука во соработка со Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство Владата на денешната 97-ма седница донесе одлука за изменување и дополнување на Програмата за остварување и развој на дејноста во студентскиот стандард за 2022 година.
Со предложените измени, како што информираат од владината прес-служба, се воведуваат нови мотивирачки стипендии за студенти запишани на додипломски студии од прв циклус на јавните и приватните универзитети и високообразовни установи, на студиски програми од областа на земјоделските, ветеринарните и шумарските науки.-Воведувањето на новите стипендии ќе се реализира во рамките на предвидените буџетски средства на Министерството за образование и наука, коешто деновиве ќе го распише и конкурсот за посочените стипендии, за академската 2022/23 година, велат од Владата.