fbpx
ВестиТоп вести

Дали знаете дека од оваа билка, се прават познати парфеми?

Декоративни грмушки, чии миризливи цветови, кои потсетуваат на мимози, се појавуваат токму во најстудениот период од годината, од ноември до март. Овие убави зимски цветни растенија потекнуваат од Кина и нејзините жолти долготрајни цветови преживуваат на поларни температури до -30 ° C.

Зимскиот цвет, шармантната грмушка, може да биде зимзелена или листопадна, на кого лисја се појавуваат  во мај, заедно со плодови кои изгледаат како шишенце полно со семе. За време на пролетта и летото, зимскиот цвет е покриен со зелени лисја.

Земете гранка од ова растение и внесете ја во собата: мирисот ќе биде уште побогат од топлината, а цветовите ќе преживеат во вазна со вода најмалку десет дена. Мирисот на оваа билка е сличен на аромата на ванила.

Специфичната арома на зимските цвеќиња служеше како инспирација за многу модни дизајнери чии парфеми ја содржат оваа миризлива нота. Вака се создадоа Black Violet и lale YS-Uzaka, кои станаа голем хит кај љубителите на појаки мириси.

Зимскиот цвет започнува да цвета кон крајот на ноември и почетокот на декември, а жолтите ѕвончиња опстојуваат  на гранките до февруари и март. Цело време, тие шират убав мирис, вистински здив на пролетта кога не и е време!

Првите две години по садењето е многу чувствителен, но кога ќе пушти корен и се прилагоди, прераснува во раскошна грмушка која достигнува висина до три метри. Неопходно  му е заштитено место, со доволно сонце во зима и добро наѓубрена, влажна и порозна почва.

 

Валентина Соколовска

за Зелена берза

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close