fbpx
ВестиТоп вести

МРФП продолжува со информативните сесии на  проектот: „Поддршка за развој на земјоделските задруги во Македонија”

 

 

 

Македонската развојна фондација за претпријатија (МРФП) продолжува со  информативни сесии кои се организираат во рамки на проектот: „Поддршка за развој на земјоделските задруги во Македонија”.

Информативите сесии ќе се одржат на следните локации со следниот распоред:

– 19.09.2018 (среда), 11:00 – 12:30, Чешиново-Облешево (Општинска сала во Чешиново);

– 19.09.2018 (среда), 16:30 – 18:00, Радовиш (Центар за култура во Радовиш);

– 19.09.2018 (среда), 20:00 – 21:30, Росоман (Општинска сала во Росоман);

– 20.09.2018 (четврток), 12:00 – 13:30, Чашка, Велес (Основно училиште „Тодор Јанев“ во Чашка, Велес)

– 20.09.2018 (четврток), 19:00 – 20:30, Стајковци, Скопје. (Основно училиште „Кирил и Методиј“ Стајковци, Скопје)

На овие сесии присутните ќе бидат информирани за предностите  на здружувањето во земјоделски задруги, а воедно ќе биде презентиран   успешен пример на земјоделски задруги од регионот конкретно од  Босна и Херцеговина. На сесиите ќе бидат претставени можности за техничка и финансиска поддршка  како и презентација на повик за пријавување интерес .

Проектот е финансиран од Европската Унија, а е спроведуван од  CARE Deutschland/Luxemburg (CARE) и МРФП во соработка со Министерство за земјоделство, шумарство и водостопанство.

Повеќе детали за проектот може да се најде на следната веб-страна: www.zadrugi.mk

 

Зелена берза

 

 

Тагови

Слични написи

Прочитајте исто така

Close
Back to top button
Close