fbpx
Агро бизнисБез категоријаВестиВиноВкусот на традицијатаМакедонијаТоп вести

Мурал „Гроздоберачка” доби Вински музеј Кавадарци

Муралот е на фасадата на објектот што се наоѓа во кавадаречкиот градски парк.

Мурал „Гроздоберачка” доби Вински музеј Кавадарци, на фасадата на објектот што се наоѓа во кавадаречкиот градски парк.

Директорката на музејот, Весела Честоева појасни дека настанот е во рамките на манифестацијата „Тиквешки гроздобер”. Проектот е финансиран од Министерство за култура, преку програмата за финансирање од национален интерес за 2022 година во делот на визуелните уметности, архитектура и дизајн, како и од локалната самоуправа.

Со овој мурал се опфатени сите обележја на винарскиот крај. Лозарка во тиквешка народна носија, со кошница во рака, буре со вино и кошеви со грозје.

-Овој проект има за цел да стимулира ново творештво во визуелните уметности, уметничко дело во јавен простор. Со овој проект сакаме да поттикнеме заштита и афирмација на културниот идентитет. Муралот го реализиравме со познати ликовни уметници. Ќиро Јосифов, Лазар Дојчинов, Горан Боев и Ива Јосифова Данева, членови на здружението ,,Роднокрајци”.Сметаме дека со оваа уметност во јавен простор, ќе дадеме едно нова димензија во остварување на нашите цели, нагласи Честоева.

За самиот мурал, говореше уметникот Горан Боев, наставник по ликовно образование.

Во рамките на настанот, кавадаречки поетеси читаа стихови во врска со лозаровинарството.

Можно е да е слика од 2 луѓе, луѓе што стојат и надвор

Тагови

Слични написи

Back to top button
Close